268.5 милиони долари помош за Хаити

Вкупно 268,5 милиони долари како итна првична помош за Хаити досега ветиле повеќе влади и компании, објавија Обединетите нации.

 |  Голабовски Крсте  | 
Haiti
Хаити

Вкупно 268,5 милиони долари како итна првична помош за Хаити досега ветиле повеќе влади и компании, објавија во петокот Обединетите нации.

Porto Prens

Ова ветување пристигна пред повикот за итно собирање на средства за помош на  карипската земја,  која е речиси уништена  од силниот земјотрес кој се случи пред два дена.

Најголеми донатори се САД и Светската банка кои ќе испратат по 100 милиони долари. По нив следуваат Велика Британија која ќе помогне со 10 милиони долари, по што следат Бразил, Канада, Европската унија, Шведска, Данска, Холандија, Кина, Шпанија, Германија и многу други држави .

Од Обединетите нации, во петокот објавија дека според првите проценки, над 300.000 луѓе останале без своите домови .
Преживеаните граѓани на Хаити денеска направија блокади од телата на загинатите,  во знак на протест поради недоволната помош.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top