Девет нови случаи на коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека се регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85, случај во Охрид.

 |   | 

Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката, соопшти Министерството за здравство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top