МОСТ: Нема услови за кредибилни избори на 5 јуни

Post Views: 2 Граѓанската асоцијација „МОСТ“ на денешната прес-конференција соопшти дека Владата и надлежните институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и кредибилни избори на 5 јуни. Според „МОСТ“, процесот на прочистувањето на Избирачкиот список не влева доверба, а следствено на тоа и неговиот квалитет. Секој треба да е свесен дека непочитувањето на законот предвидува санкции и дека еден ден ќе се направи ревизија на комплетното работење и законитоста во постапувањето на членовите на овој состав на ДИК. “Потенцираме дека согласно Договорот од Пржино, прочистувањето...

Continue reading

suidad huares

Пеколна журка во мексиканскиот град Сиудад Хуарес

Post Views: 1 Напаѓачите излегле од теренски возила и отвориле оган кон учениците кои во неделата биле на роденденска забава во Сиудад Хуарес,град на границата меѓу Мексико и САД. Телата лежеле на улица во локни крв до паркираните автомобили,додека ѕидовите на куќата каде што се одржувала забавата биле размачкани со крв и оштетени од пукањето.Нападот може да е поврзан со пресметка помеѓу нарко-картелите, изјавила државната обвинителка Патриција Гонзалес.“Истрагата се движи во две насоки а една од нив води кон трговијата со дрога” –рече Гонзалес пред новинарите.Десет тинејџери загинале...

Continue reading

РЕГИСТРИРАНИ 12 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАТА-ВКУПНО 148 ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ ПАЦИЕНТИ

Post Views: 6 Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:– Скопје (88)– Дебар (40) – од кои 1 починат– Куманово (8) – од кои 1 починат– Штип (7)– Кавадарци (2)– Охрид (2)– Гостивар (1) Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален...

Continue reading

plaza

Становите во Струга поскапеа, ама повеќе се продаваат

Post Views: 0 Во Струга зголемена е продажбата на станови. Паралелно со тоа зголемена била и потребата за изградба на нови станбени комплекси, обелоденува струшкиот бизнисмен сопственик на Градежната компанија „Трим и Лум“, Менди Ќура. Тој  појаснува дека во последно време албанците од дијаспората но и останатите граѓани од Струга повеќе се одлучувале да купат стан, отколку да изградат индивидуална куќа, каков што бил досега трендот. „Истовремено можеме да кажеме дека оваа година имаме зголемени цени во споредба со другите градови во Македонија, како што е тоа Охрид и Скопје, тука...

Continue reading

Airbus

И цените на Ербасот до небо!

Post Views: 4 Компанијата Ербас соопшти дека ја зголемила цената на своите авиони за 5,8 отсто во просек. Причина за поскапувањето, како што беше соопштено вчера од Ербас, е јакнењето на еврото. Компанијата соопшти дека се обидела да ги задржи старите цени, но дека морала да се откаже од тоа поради слабеењето на доларот, претстојните финансиски предизвици, како и поскапувањето на материјалите. {loadposition content9}

Continue reading

Се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, се укинува царината на 13 медицински производи, се забранува стечај, а туристичките агенции ќе добијат ваучери за откажаните аранжмани

Post Views: 0 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата презентираше нови мерки за справување со последиците од коронавирусот, Ковид-19. Како што информираше министерот Бектеши на Седницата на Владата на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука за замрзнување на цените на потрошен медицински материјал, медицинска опрема и материјали, потоа беше донесена одлука за укинување на царината на 13 медицински производи. Министерот информираше дека по барање на месната индустрија е донесена одлука да се продолжи квотата за увоз на замрзнато...

Continue reading

logo

САД со стратешки интерес за Европа

Post Views: 0 Сигурноста на Европа е потпирач на американската надворешна политика, потврди американскиот државен секретар Хилари Клинтон на Воената академија во Париз. Клинтон ова го кажа во говорот со кој сакаше да ја “смири“ Русија и да го подготви НАТО за “нови закани“. Таа повтори дека САД е против независноста на двете грузиски покраини Абхазија и Јужна Осетија, но и дека Соединетите Американски Држави не сакаат да создадат раздор меѓу земјите соседи. “Европа е една“. Европа, партнер на САД и Европа која ја вклучува Русија“. изјави Клинтон. {loadposition content9}

Continue reading

Санација на „Мостот на желбите“

Post Views: 2 Јавното Претпријатие „Нискоградба“ деновиве изврши санација на „Мостот на желбите“ во Охрид. Наша екипа по барање на граѓаните изврши санација на „Мостот на желбите’’ кој го поврзува Канео со црквата Св. Софија. Поради оштетување на подлогата се изврши замена на оштетените талпи со нови со што се зголеми безбедноста на минувачите. Овој потег наиде на поздравување од месното население, како и од туристите кои за време на санирањето минуваа по мостот – информираат од ЈП „Нискоградба“ Охрид.

Continue reading

Во Општина Дебрца на диво се одлага комунален отпад од друга општина

Post Views: 2 Викендов на територијата на општина Дебрца, на локацијата каде се наоѓа депонијата, односно одлагалиштето на инертен отпад (земја, шут и слично), кој се црпи по трасата на Автопатот А2 (во изградба) забележано е депонирање на комунален отпад од страна на возила со кичевски регистарски таблички. По пријавата градоначалникот на општина Дебрца веднаш излегол на лице место, каде констатирал дека во одлагалиштето за инертен отпад е депонирано одредено количество на комунален отпад. Во текот на денот на истото место увид извршиле и претставници на Координативното тело и месните...

Continue reading

Moamer Gadafi

Членовите на Ал Каеда во затвор и по одслужување на казната

Post Views: 8 Либија ќе задржи во затвор 300 членови на Ал Каеда на неодредено време и по одслужувањето на казната како би ги спречила да спроведат нови напади, рече либијскиот челник Муамер Гадафи.“Тие луѓе се еретици.Тие се следбеници на Осама бин Ладен и Ајман ал Завахири и одговорни се за смртта на многу цивили и полицајци” – рече Гадафи на Општиот народен конгрес на либиското законодавно тело.“Неопходно е да бидат задржани во затвор.Тие се многу опасни и спремни да продолжат со убиствата по нашите улици или да отпатуваат во Алжир или Египет и да извршат напади” – изјави Гадафи...

Continue reading

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Post Views: 0 Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид во петокот се одржа традиционалниот општински натпревар „Млади библиотекари“. И во услови на Ковид-19 со почитување на сите протоколи библиотеката се покажа како добар домаќин. Се натпреваруваа осум ученици подготвени од менторите: Валентина Рубаноска од ООУ „Св. Наум Охридски“ Пештани, Санте Миткова од ООУ „Христо Узунов“, Наташа Митреска ООУ „Григор Прличев“, Емилија Блажеска од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и Снежана Стојаноска од ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Тестирањето по претходно подготвени прашања...

Continue reading

Во охридскиот центар за јавно здравје земени материјали за скрининг тестови на 5 лица

Post Views: 0 Центарот за јавно здравје утрово започна со скрининг тестови кај пет лица за Ковид 19. Брисевите се земаат од грло и нос од страна на стручни лица од центарот соодветно опремени за оваа постапка, вели Сашо Точков, директор на ЦЈЗ. „На пациентите кои претходно преку матичниот лекар добиле термин за да се изврши таа услуга доѓаат во центарот. Сите пациенти кои сметаат дека треба да се тестираат имаат симптоми или имале ризичен контакт треба да се јават кај матичниот лекар по телефон за да ги остават потребните податоци и да ја спроведат анкетата. Матичните лекари врз основа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top