Становите во Струга поскапеа, ама повеќе се продаваат

Зголемен интересот за купување на станови во Струга. Тоа го тврдат добрите познавачи од градежниот сектор. Но, исто така  укажуваат дека  актуелната политичка криза во државава има одредено влијание врз продажбата на становите.

 |  Николоска Биљана  | 
plaza

Во Струга зголемена е продажбата на станови. Паралелно со тоа зголемена била и потребата за изградба на нови станбени комплекси, обелоденува струшкиот бизнисмен сопственик на Градежната компанија „Трим и Лум“, Менди Ќура. Тој  појаснува дека во последно време албанците од дијаспората но и останатите граѓани од Струга повеќе се одлучувале да купат стан, отколку да изградат индивидуална куќа, каков што бил досега трендот.

„Истовремено можеме да кажеме дека оваа година имаме зголемени цени во споредба со другите градови во Македонија, како што е тоа Охрид и Скопје, тука се веќе зголемени цените. Морам да кажам дека политичката криза делува и во продажбата и во градбата и има кочење на продажбата на станови“ – истакна Ќура.

Ќура вели дека продажбата и зголемувањето на цената на становите се движи од 20 -25 % во Струга и околината. Тој информира дека во градот сеуште има парцели на кои може да се изградат станбени комплекси и за истите донесени биле ДУП овите.

„Купувачите кои работат во странство бараат услови како во странство, но овде треба да се работи на уредување на зеленилото, патната инфраструктура, и најповеќе на паркинг места за возилата што е посебен проблем за време на летната сезона и треба да сде земе предвид овој проблем да се реши поскоро“ -вели Ќура.

Тој смета дека една од причините за зголмување на интересот на граѓаните за купување станови е тоа што банките ги намалија каматите за станбените кредити. Како што е познато, повеќето комерцијални банки од 1 март годинава ги намалија каматите за станбените кредити со цел тие да бидат подостапни за граѓаните. Иако процентот на намалување изнесува само три отсто, сепак се одрази врз интересот на купувачите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top