Post Views: 5
Компјутерски црв ја нападна иранската нуклеарна агенција и ги заразил индустриските постројки, а способен е и да преземе контрола врз електричните централи, јавуваат иранските медиуми, пренесува Асошиејтед пресСпоред иранската агенција ИСНА, иранските научници се сретнале неделава за да изнајдат начин како да се справат со злобната компјутерска шифра, наречена „Стакснет“, која може да ја преземе контролата врз системите за контрола на работата на индустриските постројки.Првпат црвот беше откриен од германските експерти во јули. Од тогаш, забележани се напади во Иран,...
Post Views: 7
Советот за безбедност утре напладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Утре истекува рокот од последната 14 дневна вонредна состојба што претседателот Стево Пендаровски ја прогласи на 15-ти мај.
Премиерот Оливер Спасовски посочи дека Владата до крајот на неделава ќе одлучи дали ќе има прогласување нова вонредна состојба.
– Ако имаме потреба врз основа на анализите дека треба да се прогласи вонредна состојба уште некој ден за справување со економските последици, тоа ќе го направиме и кога ќе заврши вонредната...
Post Views: 0
Државната изборна комисија соопшти дека во првите четири дена од пријавувањето, до вчера до 13 часот се пријавиле вкупно 397 граѓани за кои има несовпаѓања на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање.
„Од овие 397, 86 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 311 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб-апликацијата на Државната изборна комисија“, соопшти ДИК.
Најмногу пријавени...
Post Views: 12
Британската кралица Елизабета II се обидела да ги искористи парите од државниот фонд наменет за сиромашните за да ги плати сметките за греење на Бакингемската палата, пишува весникот „Индипендент“.
Весникот врз основа на Законот за достапност на информациите добил документ кој покажува дека претставниците на кралицата побарале од британската влада парична помош за трошоците за греење.
Владата одбила да издвои пари од Фондот што е наменет за помош во греење на семејствата со ниски примања и на јавните установи како што се училиштата и болниците.
Во одговорот што...
Post Views: 5
Поради дефект на главна линија, денес, има прекин со водоснабдувањето, на потегот од хотел Метропол до Пештани.
Од јавното претпријатие Водовод Охрид информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде до отстранување на дефектот.
Post Views: 9
Денеска во Струга се одржа консултативна средба. Креирањето на финалните препораки кои ќе ја отсликуваат состојбата на младите луѓе во Југозападниот регион на Македонија и кои ќе влијаат врз подобрување на нивната општествена состојба, беше тема на денешната средба меѓу, Национален младински совет на Македонија и Младинската инспиративна група Македонија. Младите луѓе имаат капацитет и сила да бидат кредибилен партнер на владините институции при донесувањето на младински политики. Но пред сѐ и над сѐ, мотивацијата на младите лежи во тоа што денешните политики ја обликуваат...
Post Views: 0
Два воени авиона од типот „миг-21“ на хрватското воено воздухопловство вчера се урнале за време на тренинг-лет во близината на воениот полигон „Еуген Кватерник“. Двајцата пилоти успешно се катапултирале и со падобран неповредени се приземјиле, пишува „Вечерњи лист“
Весникот наведува дека несреќата се случила над населено место, а најверојатно станува збор за судир меѓу двата авиона за време на тренинг-летот. Според „Вечерњи“, на полигонот во изминатите неколку дена била спроведувана обука на пилотите на „миг-21“ за лоцирање и дејствување врз копнени цели. Во обуката...
Post Views: 1
После три месечна пауза угостителите денес ги отворија вратите. Во кафетериите утрово немаше гужва. Масите распоредени според препораките, на растојание од метар и половина персоналот со маски и ракавици, на секоја маса средство за дезинфекција. И кафанџиите и гостите среќни, помалку возбудени ,но сите строго почитуваат преопораките.
-„Се чувствуваме многу добро, после долго време еве седнавме на кафе. Ги почитуваме мерките. После 66 дена добро ни се погоди“, вели еден охриѓанец.
-„Фала Богу додје живот може да сендеме раат. Вала акоо едн човек на раат кафе...
Post Views: 1
Околу 100 доброволци и припадници на локалната власт во Нов Зеланд со тешки напори успеаја преку ноќта да ги одржат живи 70-тте китови кои вчера се насукаа покрај брегот на Северниот остров. Лошото време, изолираноста и оддалеченоста на плажата каде што овие животни излегле од океанот уште повеќе ја отежнуваат целата операција.„Временските услови се ужасни. Има големи бранови поради невремето од изминативе денови и вистински кошмар е дури и да ги донесете луѓето тука“, вели Ингрид Вајзер, спасувач.
Оние пак, кои сепак успеаја да дојдат до тука ги покриваат телата на...
Post Views: 1
Не е вистина дека со кју-ар (QR) кодот генериран при вакцинација, се складираат информации за тоа колку сметки има оној кој се вакцинира, колку должи, дали поседува оружје, колкав е кредитниот рејтинг итн. Кју ар кодот содржи само податоци за примената вакцина, резултат од ПЦР тест и ништо повеќе.
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто се тврди дека преку генерираниот кју-ар (QR) код за вакцинација (кој му се дава на секој вакциниран како доказ за вакцинација на вакциналниот сертификат), всушност се создава таканаречен „социјален кредитен...
Post Views: 3
Ковид 19 ги секна и парите за рурален развој и специфични рурални подрачја. Пандемијата предизвика економска криза која ги зафати сите сектори па тоа влијаеше владата и министерството за финансии да проценат дека финансиска поддршка имаат поважни проекти, информира Горан Милески, министер за Локална самоуправа. Од 8-те милиони евра ставени на располагање на Бирото за регионален развој за 8 -те плански региони во земјава успеавме да поделиме само 70 проценти, додава Милески. Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки...
Post Views: 1
Во Париз од синоќа е пуштена во употреба првата јавна чешма од која наместо обична, ќе тече газирана вода.Од чешмата, именувана како “La Petillante“ ќе тече свежа газирана вода на нормална температура, соопшти парискиот Водовод.
Како што пренесуваат француските медиуми ваквата идејата потекнува од Италија, каде што веќе постојат неколку такви чешми.
Чешмата е поставена во паркот Реј во источниот дел на Париз, а водата ќе биде бесплатна за сите жители од отварањето на паркот до неговото затворање.{loadposition content9}