Нов Зеланд: Неизвесно преживувањето на 70 китови

Околу 100 доброволци и припадници на локалната власт во Нов Зеланд со тешки напори успеаја преку ноќта да ги одржат живи 70-тте китови кои вчера се насукаа покрај брегот на Северниот остров.

 |  Маја Савиќ  | 
nasukan kit
насукан кит

Околу 100 доброволци и припадници на локалната власт во Нов Зеланд со тешки напори успеаја преку ноќта да ги одржат живи 70-тте китови кои вчера се насукаа покрај брегот на Северниот остров. Лошото време, изолираноста и оддалеченоста на плажата каде што овие животни излегле од океанот уште повеќе ја отежнуваат целата операција.
nasukan kit
„Временските услови се ужасни. Има големи бранови поради невремето од изминативе денови и вистински кошмар е дури и да ги донесете луѓето тука“, вели Ингрид Вајзер, спасувач.

Оние пак, кои сепак успеаја да дојдат до тука ги покриваат телата на китовите со платна за да им ја зачуваат влажноста, која ако ја загубат, ќе умрат.

„Овие се прекрасни суштества. Не можеме едноставно да ги оставиме да умрат тука на плажата. Најмалку што може да сториме е да се обидеме да ги спасиме“, велат волонтерите.

„Оние китови кои се наоѓаат околу линијата на плимата се во добра состојба. Гледаат наоколу и се чудат што се случува“, рече Патрик Вејли, Оддел за спасување.

Ваква ситуација не е реткост во регионите каде што има китови. Од непознати причини тие се упатуваат кон брегот и се насукуваат на плажите. Ако никој не ги забележи може и сите да умрат. Таква трагедија се случи минатиот месец во Нов Зеланд кога на една плажа беа пронајдени мртви 64 китови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top