Компјутерски црв ја нападна иранската нуклеарна програма

Компјутерски вирус ги заразил индустриските постројки, а способен е и да преземе контрола врз електричните централи, јавуваат иранските медиуми, пренесува Асошиејтед прес.

 |  Маја Савиќ  | 
virus
вирус

virusКомпјутерски црв ја нападна иранската нуклеарна агенција  и ги заразил индустриските постројки, а способен е и да преземе контрола врз електричните централи, јавуваат иранските медиуми, пренесува Асошиејтед прес
Според иранската агенција ИСНА, иранските научници се сретнале неделава за да изнајдат начин како да се справат со злобната компјутерска шифра, наречена „Стакснет“, која може да ја преземе контролата врз системите за контрола на работата на индустриските постројки.
Првпат црвот беше откриен од германските експерти во јули. Од тогаш, забележани се напади во Иран, Индонезија, Индија и САД.
Опасната компјутерска програма, според ИСНА, веќе се проширила низ целиот Иран, но не даде детали што значи тоа. Странските медиуми шпекулираат дека црвот е вметнат со цел да се попречи работата на првата иранска нуклеарна електрична централа, која треба да стартува во октомври.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top