Post Views: 1
Струшката градинка „8 ми Март“, дел по дел ги надминува проблемите со кои години наназад се соочува. Објектите во кои престојуваат околу 500 деца речиси 35 години не се комплетно реновирани. Проблемите од недостаток на простор, зголемениот интерес за престој на дечиња, кровот кој и при најмали врнежи од дожд прокиснуваат, директорот на установата Сашо Клечкароски, се нафатил сериозно да ги реши. Тој не крие дека наследил незавидна состојба, но и тоа дека успеал околу 90% од истиот да го врати и во моментов немаат посериозни долгови.
„Во моментот кога почнав со работа...
Post Views: 6
Меѓу 572 жители на Ватикан само 32 се жени, а 540 се мажи, се наведува во најновите статистички податоци што денеска ги објави најмалата држава во светот.Државјанство на Ватикан имаат 306 дипломати, 86 чувари од швајцарската гарда, 73 кардинали, една калуѓерка и 31 лице без функции во Католичката црква.
Според новиот закон одобрен од папата Бенедикт XVI, во иднина во Ватикан ќе можат да влезат само неговите државјани или лицата со постојан престој а на сите останати посетители ќе им биде потребна специјална дозвола. Промени ќе има и во правилата за добивање државјанство.
Државата...
Post Views: 2
Во иднина доколку имате било каков проблем од комуналната сфера во вашата улица или населба , ќе можете дирекно да се пожалите на лице вработено во Општина Охрид.Општина Охрид започнува реализација на проектот“ Ваш реонски општинар“. Со проектот Локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат , да се увиди состојбата на самото место односно самата улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.
Со овој Проект градот...
Post Views: 1
Основачот на интернет-страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој во периодот што следи треба да биде екстрадиран во Шведска за судење, одлучи да го заштити своето име. Тој поднесе барање до Бирото за интелектуална сопственост во Велика Британија да го заштити сопственото име и да го претвори во заштитен знак.
Минатата недела судот во Лондон донесе одлука тој да биде екстрадиран во Шведска и таму да биде неговото судење. Но, сето тоа чини многу пари, а правните сметки се натрупуваат, па затоа тој презеде неколку чекори. Уште минатата година тој потпиша договор за издавање...
Post Views: 7
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид информираше дека го започнува кино репертоарот со проекција на македонскиот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафироски.
“Ефектот на среќа” е урбана драма што ја обработува темата за универзалната потрага по среќата. Улогите ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Сара Анастасовска, Петре Арсовски, Мими Таневска и Јовица Михајловски. Проекции ќе има во среда (03.11.2021), четврток (04.11.2021) и петок (05.11.2021) со почеток во 19 часот.
Картите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба...
Post Views: 2
Носителот на листа во 5тата изборна единица, Радмила Шекеринска и кандидатите за пратеници Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска имаа теренски активности во Лескоец. Со жителите на Лескоец разговаравме за нивните приоритетни потреби. Ќе продолжиме и понатаму да вложуваме и да даваме поддршка за развој на руралните средини, порачаа кандидатите за пратеници од СДСМ И Коалицијата Можеме, Радмила Шеќеринска, Лазе Танески и Жаклина Лазареска при средбата со лесковчани. Особен интерес кај мештаните предизвикале приоритетите на СДСМ предвидени за развој на модерно и одржливо...
Post Views: 5
Канадската поп ѕвезда, Нели Фуртадо, изјави дека парите кои во 2007 година ги добила од либискиот лидер, Моамер Гадафи, за настапот пред неговите соработници, ќе ги донира во добротворни цели.
– Добив милион долари во 2007 година од Гадафи за да одржам концерт од 45 минути пред гостите во еден хотел во Италија. Парите ќе ги подарам во добротворни цели, вели Фуртадо.
Нели Фуртадо не е единствена пејачка која добила пари за настап од Гадафи. Пари за настап од либискиот лидер добиле и Бијонсе, Ашер, Мараја Кери и Лајонел Ричи, кои изведувале приватни концерти за...
Post Views: 12
Приоритетите на програмата за Обнова на Македонија се: чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода и речни текови, борба со урбаната бучава, зазеленување на македонските градови и планини, урбанизам за луѓе и климатски промени, порача кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМБНЕ, Грација Бакраческа.
„Со цел намалување на урбаното загадување на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира следните проекти: поддршка за воспоставување јавен транспорт на чисти горива, природен гас и на електричен погон; субвенции за такси превоз без емисија на цврсти честички...
Post Views: 0
Белградската телевизија “Пинк“ добила интервју со лидерот на Либија, Моамер Гадафи, благодарение на добрите врски на Зоран Лилиќ, поранешен претседател на СР Југославија од средината на деведесеттите години, со арапскиот свет.
Интервјуто го водел токму Зоран Лилиќ, кој пред два дена отпатувал во Триполи, за лично да побара од Гадафи помош за евакуација на граѓаните на Србија. Користејќи ја оваа прилика, Лилиќ, кој функцијата претседател на СРЈ ја извршуваше за време на режимот на Слободан Милошевиќ, односно од 1993 до 1997 година, договорил и интервју со водачот на...
Post Views: 17
Познати протоколите кои треба да се применат на денот на гласањето на 15 јули. Заради состојбата со Ковид-19 овој изборен циклус ќе се реализира во специфични услови. Од ДИК, денес ги објавија задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес. Сите избирачки места во земјава ќе бидат дезинфицирани. На денот на гласањето секој гласач е должен да одржува растојание од метар и пол до два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место и во самото гласачко место.
Пред влегување на гласачките места, гласачите се должни...
Post Views: 1
Најомразената влада во кратката историја на хрватската самостојна држава денеска би можела да биде сериозно разнишана, потценетиот „Facebook бунт“ денес ќе ја покаже вистинската сила, пишува Индекс.
На плоштадот Бан Јелачиќ се подготвува антивладин протест. Поставена е сцена со огромен транспарент на кој пишува „Овчарката Јаца“ кој алудира на премиерката Јадранка Косор прикажана на ливада со овци на кои се изпишани имињата на водечките HDZ -овци.Полицијата го чува Марковиот плоштад очигледно стравувајќи протестантите да не се упатат кон кабинетот на Косор.
На неодамнешниот...
Post Views: 38
Во тек е бербата на охридските црешни. Охридската долга шишка и црна се откупуваат по 70 денари за килограм. Бербата почна пред една недела во охридскиот регион и во селата Мешеишта, Требеништа и Волино. Приносот на црешни е доста помал во однос на минатата година, но затоа пак плодовите се покрупни, информира овоштарот, Ванчо Стојаноски производител на црешни. Во регионов за 30 посто се зголемени површините со црешови насади и се субвенционираат површините од страна на државата. Производителите не се задоволни од откупната цена, а исто така и откупувачите , вели Стојаноски.
„Во...