Името Џулијан Асанж ќе биде заштитено

Основачот на интернет-страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој во периодот што следи треба да биде екстрадиран во Шведска за судење, одлучи да го заштити своето име.

 |  Маја Савиќ  | 
julian assange
Џулиан Асанж

Julian AssangeОсновачот на интернет-страницата „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој во периодот што следи треба да биде екстрадиран во Шведска за судење, одлучи да го заштити своето име. Тој поднесе барање до Бирото за интелектуална сопственост во Велика Британија да го заштити сопственото име и да го претвори во заштитен знак.

Минатата недела судот во Лондон донесе одлука тој да биде екстрадиран во Шведска и таму да биде неговото судење. Но, сето тоа чини многу пари, а правните сметки се натрупуваат, па затоа тој презеде неколку чекори. Уште минатата година тој потпиша договор за издавање на две книги, вреден 1,5 милиони долари, а минатата недела „Викиликс“ отворија онлајн-продавница во која се продаваат сувенири со ликот и името на Џулијан Асанж.

И за крај, во Холивуд се планира биографски филм за Асанж и за интернет-револуцијата што тој ја направи, но сe уште не е познато кој актер ќе го портретира на големото платно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top