Ватикан е машкo

Меѓу 572 жители на Ватикан само 32 се жени, а 540 се мажи, се наведува во најновите статистички податоци што денеска ги објави најмалата држава во светот.

 |  Маја Савиќ  | 
Vatican
Ватикан

Меѓу 572 жители на Ватикан само 32 се жени, а 540 се мажи, се наведува во најновите статистички податоци што денеска ги објави најмалата држава во светот.
Vatican
Државјанство на Ватикан имаат 306 дипломати, 86 чувари од швајцарската гарда, 73 кардинали, една калуѓерка и 31 лице без функции во Католичката црква.

Според новиот закон одобрен од папата Бенедикт XVI, во иднина во Ватикан ќе можат да влезат само неговите државјани или лицата со постојан престој а на сите останати посетители ќе им биде потребна специјална дозвола. Промени ќе има и во правилата за добивање државјанство.

Државата Ватикан е основана во 1929-та година, како резултат на т.н. Латерански договори помеѓу Католичката црква и Италија. Се протега на површина од 44 хектари, во кои е вклучена и базиликата Свети Петар.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top