НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена

Post Views: 1 По паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена. Библиотеката ќе работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 16 и 30 со пауза за дезинфекција на просториите во терминот од 12 до 12 и 30 часот. НУ Библиотека од Охрид применува протокол за работа кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите. Задолжително е секој посетител да носи заштитна маска и да го почитува редот за дезинфекција пред влегување во установата. Од НУ Библотека „Григор Прличев“ известуваат...

Continue reading

dobrovolci

Хероите на нашето време се камиказите од Фукушима

Post Views: 0 Татко ми ми рече: “Одам во смрт за ти да имаш иднина“„Не можев да ги сопрам солзите кога дознав дека татко ми е еден од 50-те доброволци кои останаа во нуклеарката во Фукушима. Ми рече дека тоа е негова мисија и дека иднината на Јапонија и светот зависат од него. Никогаш не сум била погорда на него.“ -објавила на Твитер млада јапонка чиј татко е еден од хероите  кои се обидуваат да спречат нуклеарна катастрофа во Јапонија. Доброволците кои останаа во нулеарката медиумите ги нарекуваат камикази и херои кои ги жртвуваат своте животи за да го спасат својот народ.Тие се...

Continue reading

432 прекршоци за неносење заштитни маски

Post Views: 0 Во текот на изминатото деноноќие (04/05.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 432 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Continue reading

OON

Либија ќе биде нападната за неколку часа

Post Views: 7 Воените напади врз Либија ќе започнат наскоро, за неколку часа и во нив ќе учествува Франција, изјави денеска портпаролот на француската влада Франсоа Бароен. „Нападите ќе започнат за кратко“ рече Бароен за радио РТЛ, но не сакаше да прецизира кога, каде и на кој начин ќе бидат изведени нападите. Портпаролот на француската влада рече дека воената интервенција не е окупација на либиската територија, туку средство од воена природа за заштита на либискиот народ која ќе му помогне на либискиот народ да оди до крај во борбата за слобода и падот на режимот на Гадафи. „Она...

Continue reading

Викендов во Охрид министерот за здравство Венко Филипче се сретна со младите здравствени работници

Post Views: 6 На својот Фејсбук профил, Филипче напиша дека е остварена одлична дискусија со младите здравствени работници, дека се слушнати нивните предлози и пораки – заеднички да се унапредува здравствениот систем. Филипче посочи дека младите здравствени работници се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив. Министерот истакна дел од реформите кои се однесуваат на младите здравствени работници, но и на стандардот на медицинските лица воопшто. Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани. Со шест месечна...

Continue reading

„Метју“ удри во САД

Post Views: 4 Бројот на жртвите во ураганот Метју во САД достигна 33 луѓе, соопштија во вторникот локалните власти коригирајќи го досегашниот податок за 27 смртно настрадани, пренесува „Макфакс“. Како што пренесе телевизиската мрежа NBC News, 33-те смртни случаи се регистрирани во пет американски сојузни држави во југоисточниот дел од земјата. Најмногу загинати – 14 луѓе, се пријавени во Северна Каролина, каде што според гувернерот Пет Меккрори,уште три лица се водат како исчезнати. Другите смртни случаи се пријавени во државите Џорџија, Флорида и Јужна Каролина. Покрај тоа, полициските...

Continue reading

sol

Кинезите масовно купуваат сол, а Русите вотка поради страв од радијација

Post Views: 5 Загрижени поради можна радијација од Јапонија, жителите на Пекинг, Шангај, и други поголеми кинески градови панично почнале да купуваат големи количества сол од продавниците, иако убедувањето дека таа ќе ги заштити е погрешно. Паниката во кинеските градови е предизвикана поради многубројните противречни информации, иако малку е веројатно дека евентуалната радијација од хаварисаната “Фукушима 1“ може да пристигне во Кина. Во изминативе неколку денови, продавниците во Пекинг, како и во други градови, немаат воопшто сол за продажба. На интернет порталот сина.цом, денеска...

Continue reading

49 годишен охриѓанец се удави во водите на Охридско езеро

Post Views: 0 Безживотното тело на 49 годишен охриѓанец  со иницијали СЈ денеска попладне беше извлечено од водите на Охридско езеро на кеј Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. „Во 14:30 часот во СВР Охрид беше пријавено по телефон дека на Кеј Македонија наспроти угостителски објект е забележано безживотно тело на маж во водите на езерото. СВР Охрид и јавен обвинител направија увид и констатираа дека станува збор за 49 жител на Охрид со иницијали СЈ. Екипа од Итна медицинска помош констатирале смрт. На телото не се забележани видливи траги на насилство....

Continue reading

Трошоците за живот во септември поголеми

Post Views: 1 Трошоците на животот во септември, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,2%, објави Државниот завод за статистика. Според индексот на цените, растот е забележан поради повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.6%, јајцата за 2.4%, компирот за 1.3%, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0.7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%. Исклучок не се ниту гасот за домаќинства...

Continue reading

dete

Разбиена најголемата интернет педофилска мрежа до сега

Post Views: 3 Европската полициска служба (Европол) соопшти дека разбила меѓународна педофилска мрежа со седиште во Холандија, при што се уапсени 184 лица во над 30 земји. Во големата меѓународна операција до сега биле откриени 670 осомничени лица и  биле спасени 230 деца кои биле злоупотребувани. Акцијата била подготвувана цели три години од здружените полициски сили. Според директорот на Европоп, Роб Вејнрајт, мрежата била поврзана околу интернет форумот boylover.net, со седиште во Амстердам, кој имал околу 70.000 членови а снимките и фотографиите на децата биле разменувани преку...

Continue reading

Министерот за здравсто Венко Филипче во работна посета на охридската Општа болница и специјалната Св. Еразмо

Post Views: 1 Венко Филипче, министерот за здравство се сретна со охридските лекари и медицински персонал во ЈЗУ Општа болница и специјалната Св Еразмо Охридски и ги слушна од прва рака проблемите со кои се соочуваат за време на епидемијата на Ковид 19. Министерот е задоволен како досега охридските лекари и медицински кадар се справуваат со целокупната ситуација при лекувањето на пациентите и при тоа им искажа благодарност. За секојдневниот голем број на позитивни пациенти со Ковид 19, Филипче кажа дека засега се прават пошироки тестирања, со кои навреме се предвидува притисокот на...

Continue reading

logo

Теракамп во Струга

Post Views: 9 Тимот на организацијата „Фронтера“ Македонија, ќе организира активности со два различни настани, наменети за млади луѓе на возраст од 20 до 35 години, кои се од Охрид, Струга и поширокиот југозападен регион и кои сакаат да придонесат кон позитивни промени во својата заедница. Цел на настанот е формирање заедница на млади луѓе, тренери и експерти кои ќе помогнат и ќе пружат поддршка во започнувањето на заеднички бизниси или кооперативи во југозападниот регион на Република Македонија. Нашата програма е интензивна, амбициозна и забавна. Таа се состои од две главни активности,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top