Кинезите масовно купуваат сол, а Русите вотка поради страв од радијација

Загрижени поради можна радијација од Јапонија, жителите на Пекинг, Шангај, и други поголеми кинески градови панично почнале да купуваат големи количества сол од продавниците, иако убедувањето дека таа ќе ги заштити е погрешно.

 |  Маја Савиќ  | 
sol
сол

solЗагрижени поради можна радијација од Јапонија, жителите на Пекинг, Шангај, и други поголеми кинески градови панично почнале да купуваат големи количества сол од продавниците, иако убедувањето дека таа ќе ги заштити е погрешно.

Паниката во кинеските градови е предизвикана поради многубројните противречни информации, иако малку е веројатно дека евентуалната радијација од хаварисаната “Фукушима 1“ може да пристигне во Кина. Во изминативе неколку денови, продавниците во Пекинг, како и во други градови, немаат воопшто сол за продажба. На интернет порталот сина.цом, денеска е објавено дека цената на солта се зголемила дури за десет пати во јужниот град Гуангдонг. Но, и покрај ова најголемиот кинески производител на сол соопштил дека има доволно резерви.

Слична е ситуацијата во рускиот далечен Исток. Жителите на овие краишта во Русија, кои се на околу 1.500 километри од “Фукушима 1“, ги испразниле продавниците купувајќи вино, вотка и јод, верувајќи дека тие производи може да им помогнат и да ги заштитат од радијација.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top