Разбиена најголемата интернет педофилска мрежа до сега

Европската полициска служба (Европол) соопшти дека разбила меѓународна педофилска мрежа со седиште во Холандија, при што се уапсени 184 лица во над 30 земји.

 |  Маја Савиќ  | 
dete
дете

deteЕвропската полициска служба (Европол) соопшти дека разбила меѓународна педофилска мрежа со седиште во Холандија, при што се уапсени 184 лица во над 30 земји.

Во големата меѓународна операција до сега биле откриени 670 осомничени лица и  биле спасени 230 деца кои биле злоупотребувани. Акцијата била подготвувана цели три години од здружените полициски сили.

Според директорот на Европоп, Роб Вејнрајт, мрежата била поврзана околу интернет форумот boylover.net, со седиште во Амстердам, кој имал околу 70.000 членови а снимките и фотографиите на децата биле разменувани преку таен систем.

Меѓу осомничените во Британија имало и полицајци, учители и тренери на карате
– Веројатно станува збор за најголемата он-лајн педофилска мрежа во светот, нагласи Вејнрајт.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top