Post Views: 3
Промени во културата и воспоставување концепт на обнова која ќе донесе реформи, квалитет и мотивација , најави Лидија Петскоска , кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 на денешната прес конференција. Се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел добивање на нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“за да се обезбедат достоинствени услови за работа на уметниците и презентирање на културните и уметничките достигнувања, рече кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ...
Post Views: 4
Во велосипедска несреќа, загина првиот човек на чоколадната империја на Нутела, Киндер и Фереро Рошер, 47-годишниот Пјетро Фереро.
Несреќата се случила додека Фереро, кој е страстен велосипедист, бил на одмор во Кејптаун, Јужна Африка. Деталите сe уште се оскудни а обдукцијата треба да покаже дали причина за смртта бил пад од велосипед, инфаркт или удар од автомобил.
Пред 14 години, тој и неговиот брат Џовани го наследиле бизнисот од својот татко, 84-годишниот Микеле Фереро, 32-от најбогат човек на светот, чие богатство Форбс го проценува на 18 милијарди долари.
Пјетро...
Post Views: 7
Во ОИК Охрид се привршуваат сите подготовки за реализација на предвремените парламентарни ибори на 15 јули, информира раководителот Марга Димковска. Во единствениот избирачки список во општина Охрид се евидентирани 52.510 гласачи.
„Во прегледот за запишани избирачи во општина Охрид има 43 707 и во другиот преглед за граѓани кои се во странство или на привремен престој во странство се 8.803. Но, тие не се пријавиле да гласаат во странство. Доколку се во Охрид ќе може да гласаат бидејќи се на тој список или вкупно 52.510 општина Охрид“.
Во општина Дебрца има 3480 гласачи,а...
Post Views: 2
Во обид да стане светска сила во шах, Ерменија ќе го прогласи изучувањето на играта за задолжителен предмет во основното образование. „Предавање шах во училиштата ќе создаде солидна база за нашата земја да стане шаховска велесила“ изјaвил претставник на владата.
Претседателот Серџ Саркисиан, ентузијаст и подржувач на играта како и други претставници на власта посветиле околу 1,43 милиони долари за остварување на овој план. Децата од шест годишна возраст ќе започнат со изучување на шах како посебен предмет со два часа неделно.
Арман Авазиан, претставник на Министерството...
Post Views: 0
Мирен простест на членовите на Здружението на музичари „Охридски музички еснаф“. Испратија барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести да пронајдат начин музичарите да ја работат својата работа како и останатите дејности. Игор Бежаноски, претседател на Здружението, кажа дека бараат музичарите да бидат вклопени во системот на работа во вонредна здравствена состојба.
„Да се изменат членовите во Законот со кој се забранува организирање на жива музика во угостителските објекти. Сигурни сме дека со донесените протоколи за работа на угоститеските објекти...
Post Views: 4
Државната изборна комисија денес треба да го стави на јавен увид избирачкиот список, а до 16 ноември граѓаните ќе можат да проверат дали се впишани во списокот и дали се точни податоците.
Во овој период и избирачите кои беа обележани како спорни повторно ќе можат да потврдат дека имаат право на глас.Во меѓувреме тече рокот за пријавување на граѓаните за гласање на изборите и се на привремена работа во странство. Заклучно со вчера до 14 часот вкупно 2.099 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација...
Post Views: 1
Силите на НАТО ангажирани во воздушните операции во Либија немаат доволни бомби и муниција , пишува американскиот дневен весник “Вашингтон пост”.
Цитирајќи неименувани високи американски претставници и од Атлантската алијанса, весникот посочува дека со ова ограничување се соочуваат велика Британија, Франција и други европски земји при подолго војување на релативно скромни воени операции.
Весникот не ја наведува причината зошто снемува мунијица.
НАТО на 31 март ја презеде функцијата на воени операции. Меѓународната коалиција предводена од САД, Франција и Велика Британија...
Post Views: 0
Пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ. Од Граѓанско демократската унија сметаат дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, која е, како што велат, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост. Од ГДУ ги повикуваат сите други политички партии кои и мислат добро на ...
Post Views: 2
Претставниците на четирите црногорски опозициски партии Демократски фронт, Големата коалиција „Клуч“, Демократската партија и Социјалдемократската партија, одржаа во понеделникот вечерта состанок на своите раководства на кој е одлучено дека нема да ги признаат резултатите од неделните парламентарни избори.
Опозицијата вели дека не може изборите да бидат фер и демократски кога истовремено во Црна Гора имало случај за државен удар, што се разбира дека имало влијание на конечните резултати, јавува „Вијести“.
„На денот на изборите беше објавено дека се уапсени 20 државјани...
Post Views: 0
Голем број патишта во централниот и северниот дел на Романија денеска беа блокирани поради обилни снежни врнежи и паднати дрвја, соопшти информативниот центар на романската полиција. На некои места снежната покривка достигна висина и до 70 сантиметри.
Населено место во округот Ковасна остана без електрична енергија, откако паднати гранки ги прекинале жиците на далноводот. Ограничено е движењето на некои национални патишта во истиот округ за тешки товарни возила и автомобили без зимска опрема.
Во северниот округ Сучава движењето е отежнато, но не е блокирано. Службите...
Post Views: 4
Деновиве заврши асфалтирањето на 4 улици во село Косел. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид.
Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици на уште неколку локации во општината.
Post Views: 5
Во Лабуништа струшко, живее многу гостопримлив народ. Секогаш насмеани, лабуништани ќе ве информираат за се што ви треба, ќе ве поканат во својот дом на чај, кафе, но не ве оставаат ниту гладни, туку ќе ве нагостат со доручек или ручек во зависност од времето кога сте ги посетиле. Сеуште ова населено место важи за еснафско и гурбетџиско село, бидејќи голем дел од мештаните за својата егзистенција заработуваат пред се од земјите на ЕУ.
„Лабуништа има повеќе од 9000 жители има околу 2500 работоспособни. Има голем дел кои се на печалба, но и таму не е како што беше некогаш...