Post Views: 2
На 10.05.2016 година во 22.15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17.15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе.
Од Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Post Views: 0
Претседателот на Србија Борис Тадиќ, потврди дека во утринските часови во координирана акција на безбедносните информативни агенции е уапсен Ратко Младиќ кај местото Лазарево, кај Зрењанин.
“Сакам да им честитам на сите учесници во акцијата кои од формирањето на оваа Влада интензивно работеа на пронаоѓање на сите обвинети за воени злосторства“, изјави Тадиќ.
“Во име на Република Србија соопштувам дека денес во текот на утринските часови уапсен е Ратко Младиќ во координирана акција која ја изведоа Безбедносната информативна агенција и службата за откривање на воени злосторства....
Post Views: 1
Деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ во должина од 750 метри.
Во текот на денешниот ден се изврши поставување на првиот асфалтен слој на коловозот. Претходно беше извршено поплочување на пашачките патеки со бехатон плочки, а беа поставени и нови рабници.Проектот за реконструкција на оваа улица е дел од годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на општина Охрид се издвоени 12.952.424 денари.
Post Views: 1
Старицата Хугует Кларк оставила наследство од 500 милиони долари, но нема кој да ги наследи.
104-годишната старица живеела во најголемиот стан на Петата авенија во Њујорк, а последните 20 години од својот живот ги поминала по болници. Освен станот, во нејзиното наследство се вбројуваат и раскошни вили во Калифорнија и Конектикат.Кларк е родена во Париз во 1906 година и била најмалото дете на американскиот сенатор Вилијам Ендрју Кларк познат како “крал на бакарот“. Тој бил вториот најбогат човек во Америка во 1900-та година. Кларк ја шокирал политичката јавност кога...
Post Views: 4
Упорност, искрена посветеност и работа, поддршка од родителите и професионални, креативни тренери беше патот до успехот и целта – завршување на комплетната Бреинобреин едукативна програма во Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид на единаесеттата генерација на ученици. Тие на пригодна свеченост, во просториите на Црвен крст Охрид ги добија меѓународните сертификати за успешно завршена БОБ програма.
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата...
Post Views: 9
Денес, во 9:39 часот, оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, доби повик од граѓанин кој пријави несреќа што се случила при сеча на дрва, на планински терен на потегот од село Косел кон село Опејнца. Според првичните информации, при сечата, поголемо стебло паднало врз еден од работниците и му нанело сериозни повреди.
„Местото на несреќата беше лоцирано со помош на СМС системот за лоцирање, по што веднаш беше мобилизирана петчлена екипа која се упати на терен и во 10:12 часот пристигна на местото на несреќата.Кај повредениот, првично беа констатирани повреди...
Post Views: 16
Хрватско-словенечката „Штафета на братството и единството“ треба денеска да пристигне во Белград по повод некогашниот празник 25 мај Ден на младоста, кога се славеше и роденденот на Јосип Броз Тито.
Штафетата, која што тргна од Умаг на 17 мај, почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз ќе ја пречекаат пред Музејот 25 мај.
Воедно денеска во Белград ќе биде промовирана и книгата „Со тито во светот“, напишана од Предраг Лалевиќ, кој 16 години бил член на лекарскиот тим на Јосип Броз.
Во времето на СФРЈ на 25 мај се организираше слет во Белград, на кој што на Тито му...
Post Views: 8
Виа ферата ќе се уредува на планината Галичица. Охридските алпинисти од клубот Патагонија добија согласност за изградба од Министерството за животна средина и НУ НП Галичица, информира долгогодишниот искусен алпинист Антонио Додевски од АК Патагонија. Виа фератата ќе биде изградена во должина од 500 метри според сите Европски стандарди. Новата атрактивна понуда ќе биде готова пред почетокот на летната сезона.
Најбитните сегменти се веќе дефинирани, обележани се позициите за поставување на инфраструктурата. Има 200 м чисти вертикали на раскршен терен. Вкупно 200 метри...
Post Views: 0
Со цел доследно спроведување на хигиенско-безбедносните протоколи за работа на кафетериите и угостителските објекти за исхрана во Охрид и поголема заштита од вирусот Ковид 19, денеска СВР Охрид одржа работен состанок со претставници на угостителските објекти и надлежниот пазарен инспекторат. На угостителските работници им била нагласена неопходната примена и строго придржување до сите одредби на владата и комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, со цел спречување на внесување и ширење на заразниот вирус, придржување до работното време и до другите...
Post Views: 3
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вчера на крајот на своето обраќање на конференција во Будва, направил голем лапсус, кое учесниците на конференцијата сигурно ќе го паметат.
Клинтон предизвикал смеа кај присутните кога Црна Гора ја нарекол Македонија. Тој завршувајќи го својот говор, во кој и’ предвидувал прекрасна перспектива на Црна Гора, рекол дека му е многу мило што се наоѓа во Македонија!?
“Гледаме во иднината и се концентрираме на се’ она што ни е заедничко, иднината е светла. И иднината на Македонија, која со својата убавина го одзема здивот е...
Post Views: 8
Во последните 24 часа регистрирани се 163 нови случаи на ковид19 од направени 1636 тестирања.
Од Нив 7 се во Струга а во Охрид денес еден новс лучај. Нема починати пациенти во изминатото деноноќие. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент . Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.
Post Views: 9
Работниците во српската фабрика за оружје „Застава“ во Крагуевац утринава ги зазедоа складовите за готово оружје и складовите за муниција.
Тие изјавија дека во нив ќе останат деноноќно, односно се додека српската влада не најде решение за кризата во претпријатието, пренесе Танјуг.
Според претседателот на синдикалната организација на „Застава оружје“, Драган Илиќ, одлуката за заземање на складовите е донесена откако српската влада одби да разговара за многубројните проблеми во фабриката, на барање на синдикатот.
Работниците ги зазедоа складовите, во кои има големо количество...