Тадиќ потврди: Уапсен е Ратко Младиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ, потврди дека во утринските часови во координирана акција на безбедносните информативни агенции е уапсен Ратко Младиќ кај местото Лазарево, кај Зрењанин.

 |  Маја Савиќ  | 
Maldic
Младиќ

TadicПретседателот на Србија Борис Тадиќ, потврди дека во утринските часови во координирана акција на безбедносните информативни агенции е уапсен Ратко Младиќ кај местото Лазарево, кај Зрењанин.

“Сакам да им честитам на сите учесници во акцијата кои од формирањето на оваа Влада интензивно работеа на пронаоѓање на сите обвинети за воени злосторства“, изјави Тадиќ.

“Во име на Република Србија соопштувам дека денес во текот на утринските часови уапсен е Ратко Младиќ во координирана акција која ја изведоа Безбедносната информативна агенција и службата за откривање на воени злосторства. Со ова апсење се потврди дека Србија во своите капацитети соработуваше со Хашкиот трибунал“, изјави Тадиќ.

Тадиќ изјави и дека смета дека денес завршил еден тежок период во српската историја, дека се отстранила дамката од Србија и сите нејзини граѓани и припадници на српскиот народ.

“Акцијата покажа дека безбедносните служби на Србија координирани од страна на Советот за национална безбедност,  нашата земја ја направија побезбедна а нашата работа во потрагата по обвинетите за воени злосторства обезбеди подигнување на моралниот кредибилитет на Србија во јавноста како и подигнување на нашите вкупни капацитети на повисоко ниво“, истакна Тадиќ.

За деталите околу апсењето српскиот претседател не сакаше да коментира, истакнувајќи само дека Младиќ е уапсен на територијата на Србија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top