500 милиони долари без наследник

Старицата Хугует Кларк оставила наследство од 500 милиони долари, но нема кој да ги наследи.

 |  Маја Савиќ  | 
Huguet so tatko i Vilijam Edru Klark
Хугует со татко и Вилијам Ендрју Кларк

Старицата Хугует Кларк оставила наследство од 500 милиони долари, но нема кој да ги наследи.

104-годишната старица живеела во најголемиот стан на Петата авенија во Њујорк, а последните 20 години од својот живот ги поминала по болници. Освен станот, во нејзиното наследство се вбројуваат и раскошни вили во Калифорнија и Конектикат.
slika desno, Huguet so tatko i Vilijam Edru Klark
Кларк е родена во Париз во 1906 година и била најмалото дете на американскиот сенатор Вилијам Ендрју Кларк познат како “крал на бакарот“. Тој бил вториот најбогат човек во Америка во 1900-та година. Кларк ја шокирал политичката јавност кога на 62-годишна возраст објавил дека тајно се венчал со 23-годишна девојка со која имал двегодишно дете.

Хугует се венчала во 1928 година, а се развела по две години и немала ниту едно дете. Кога сенаторот Кларк умрел неговото богатство било поделено на неговите деца од двата брака. Хугует, која тогаш имала 21 година наследила 300 милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top