Post Views: 7
Снимен документарен филм за првата охридска експедиција планинари кои пред 4 децении го искачиле највисокиот Европски врв Мон Блан. Филмот со наслов „Од Белото Езеро до Белата планина“ е посветен на охридските планинари Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи. 9 мината планинарски ентузијасти, од ПК Галичица, во летото 1980 година, се упатиле кон целта да го искачат врвот Мон Блан. По претходни интензивни тренинзи, подвигот го извеле со оскудна опрема , но со голема љубов...
Post Views: 5
Повеќе од 140 припадници на озлогласениот калабриски клан Ндрангета се уапсени измината ноќ во голема полициска операција против припадниците на мафијата.
Околу 1.300 карабињери се вклучени во акцијата „Минотаур“ која се спроведува во Торино, Милано и Модена во северниот и Реџо Калабрија во источниот дел на земјата. Во соработка со одделението за борба против мафијата во Торино, за време на операцијата се извршени бројни претреси. Полицијата привела локални политичари кои се сомничат за здружување со мафијашки групи.
Истрагата за акцијата „Минотаур“ траела четири години....
Post Views: 2
Астероид долг еден километар на 18 јануари ќе пролета релативно блиску до Земјата.
Ќе помине на растојание од 1,93 милиони километри од нашата планета, движејќи се со брзина од 19,56 километри во секунда. Станува збор за астероидот 7482 (1994 PC1) кој е откриен во 1994 година.
НАСА наведува дека нема веројатност овој астероид да удри во Земјата, но дека следната недела ќе помине најблиску до нас во следните два века, пишува CNN.
Тоа нема да биде најголемиот астероид кој некогаш поминал покрај Земјата. Таа чест му припаѓа на астероидот 3122 Florence (1981 ET3), кој прелета...
Post Views: 11
Започна реализацијата на проектот за поставување на најсовремена енергетски ефикасна фасада на објектот од ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“. Станува збор за инвестиција на Министерството за образование во соработка со општина Охрид. Во рамки на проектот предвидено е реновирање на училишната работилница.Изминатиов период во оваа образовна институција беше реконструиран кровот, променета е дограмата, а се поставија нови тавани во сите простории. Објектот доби и ново ЛЕД осветлување.Со средства на општина Охрид наредниов период е предвидено да бидат поставени и нови подови во...
Post Views: 10
Дека Берлускони ги преместил своите забави во вилата Генето, потврдено е од темелните снимки и телефонските повици за истрагата поврзана со сосема друг случај, поврзана со затајувањето на данок за кој е осомничен шефот на тимот на Формула 1, Флавио Бриаторе.
Тие снимки, како и другите досега, излегоа во јавност а ги објавија италијанските весници, а се работи за разговорите на Бријаторе со неговите пријатели.
Адвокатот на Берлускони, Николо Гедини во име на својот клиент ги отфрли најновите наводи како неосновани. Тој изјавил дека Берлускони во вилата Гернето одржувал...
Post Views: 2
И оваа среда неделниот преглед на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е отстапен за литературата за деца и млади. На одделот за зајмување читателите ги чекаат уште девет наслови.
„Свадбата на Ежо и Ежа“ од Александар Кујунџиски, Збирката од група автори „За Денот на детето“ издание на Вера Б Самарјанин, „За сите деца“ од Вера Лилиќ и „Тино од мојот влез“ од Жарко Кујунџиски.
Посебен интерес кај читателите се очекува да предизвикаат петте книги од авторката Пола Харисон во кои главен лик е девојчето Кити и се прикажани нејзините згоди и незгоди со...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (23/24.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 1
Илјадници дефилираа синоќа низ улиците на Атина во знак на протест поради анти геј предрасудите. Шаренило низ улиците на градот и концерт со познати грчки ѕвезди – вчера по седми пат се одржа Атенс прајд, но прв пат под под покровителство на Атина и градоначалникот.Хомосексуалци, лезбејки, трансвестити наидоа на неколку пречки од полицијата, но сепак успешно го изодеа планираниот марш, приклучувајќи им се пред парламентот на огорчените Грци.
Организаторите велат дека на парадата годинава и се придружиле 10 000 луѓе, двојно повеќе од лани.
„ Како поминува времето...
Post Views: 3
Министерот за здравство, доц. Д-р Венко Филипче ја оцени епидемиолошката состојба како генерално стабилна и дека има се помалку пациенти во болничките одделенија, па нема потреба од рестрикции.
„Засега нема најава за нови дополнителни рестрикции, апсолутно нема никаква индикација, или пак, кој било параметар да укажува дека ситуацијата се влошува – и во однос на број на новодијагностицирани пациенти, и во однос на број на пациенти кои треба да се хоспитализираат, тој број е константен подолг временски период, некаде околу 10 проценти од вкупниот број активни дијагностицирани...
Post Views: 0
Првото прашање беше дали го разбира јазикот на кој му се обраќа судот, на што Младиќ одговори дека ги разбира само српскиот и македонскиот јазик.
Имаше и недоразбирања околу датумот на неговото раѓање, но сето тоа произлезе од фактот дека Младиќ тешко ги разбира прашањата.
На прашањето од судијата Алфонс Ори дали ја разбира процедурата која му е прочитана, Младиќ рече: “ Господине судија, јас сум тешко болен човек. Слушнав што рече госпоѓата. Мене ми треба малку повеќе време да размислам за тоа што таа го прочита. Бидете трпелливи со мене“.
Судијата го праша Младиќ...
Post Views: 0
Деновиве, започнаа градежните активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна. Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи.
Баскет игралиштето се реализира во соработка помеѓу општина Охрид и Агенцијата за спорт и млади. Дополнително општина Охрид, после завршувањето на овој проект, планира да го збогати просторот и со други спортски содржини.
Post Views: 0
Од денеска почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.
Возачите кои нема да ја почитуваат оваа обрска, ќе бидат казнети со 45 евра во денарска противвредност или со 25 негативни бодови.
Под зимска опрема на моторни возила со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег.
Моторните возила со погон на четири тркала потребно...