Грците порачуваат: „Бакни ме насекаде“

Илјадници дефилираа синоќа низ улиците на Атина во знак на протест поради анти геј предрасудите. Шаренило низ улиците на градот и концерт со познати грчки ѕвезди – вчера по седми пат се одржа Атенс прајд, но прв пат под под покровителство на Атина и градоначалникот.

 |   | 
[„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина]
[„Бакни ме насекаде“ – геј парада во Атина]

Илјадници дефилираа синоќа низ улиците на Атина во знак на протест поради анти геј предрасудите. Шаренило низ улиците на градот и концерт со познати грчки ѕвезди – вчера по седми пат се одржа Атенс прајд, но прв пат под под покровителство на Атина и градоначалникот.
[„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина]
Хомосексуалци, лезбејки, трансвестити наидоа на неколку пречки од полицијата, но сепак успешно го изодеа планираниот марш, приклучувајќи им се пред парламентот на огорчените Грци.

Организаторите велат дека на парадата годинава и се придружиле 10 000 луѓе, двојно повеќе од лани.

„ Како поминува времето се повеќе луѓе се слободни“ изјави за АФП портпаролот Димитрис Тсампурис.

[„Бакни ме насекаде“ - геј парада во Атина]Слоганот на парадата годинава е „Бакни ме насекаде“. Портпаролот објасни дека го одбрале овој слоган зашто грчкиот Совет за радио и ТВ упорно ги казнувал медиумите кои ќе прикажат бакнување на луѓе од ист пол.

Освен од градоначалникот, парадата доби поддршка и од неколку политички партии.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top