naked bike ride

Голи велосипедисти ја окупираа Европа

Post Views: 2 Многу велосипедисти, без облека, викендов ги преплавија поголемите европски, но и светски градови. Станува збор за „Голо велосипедско возење“, кое се одржува во Лондон, Сантијаго, Единбург, Кардиф, Мадрид, Амстердам, Отава, Сан Диего, Манчестер и многу други места. Целта на голите велосипедисти е да се подигне свеста за заштита на животната средина преку користење велосипеди за да се намали емисијата на штетни гасови во атмосферата. Освен тоа, велосипедистите сакаат да предупредат и на честите случаи кога возачите на автомобили не ги забележуваат и поради тоа решиле...

Continue reading

6 починати, 128 нови заразени, Охрид денес без нов случај

Post Views: 4 Во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 52 -Куманово 6 -Штип 29 -Прилеп 2 -Тетово 6 -Битола 2 -Кавадарци 10 -Гостивар 13 -Кочани 1 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 3 -Виница 2 -Свети Николе 1 Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје, еден пациент од Кичево и еден од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: -Скопје 108 -Куманово 2 -Прилеп 1 -Тетово 11 -Велес 1 -Битола 3 -Гостивар 2 -Кочани 2 -Кичево 2 -Ресен 5 Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања...

Continue reading

Erdogan

Турција му понуди гаранција на Гадафи

Post Views: 1 Турција му предложила гаранции на либискиот лидер Моамер Гадафи за да ја напушти Либија, но досега не добила одговор, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.– Гадафи „нема друг избор освен избор освен да ја напушти Либија, со соодветна гранција. Ние му ги дадовме тие гаранции. Му кажавме дека ќе му пружиме помош за да биде испратен каде што сака, изјави Ердоган без да прецизира какви гаранции биле дадени. – Во зависност од одговорот, што ќе ни го даде, ќе го поднесеме ова прашање пред сојузниците од НАТО, но досега за жал не сме добиле одговор, додаде...

Continue reading

Советниците ќе гласаат за предлог Студенчишко блато да се прогласи за заштитено подрачје

Post Views: 6 Во четврток градските советници ќе ја одржат 45тата седница на совет. На дневен ред предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Охридските советници во четврток ќе гласаат за предлагање Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – “Парк на природата”. Предходно на дневен ред е разгледување и усвојување на информацијата за изготвената студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. На 45тата седница на дневен ред се...

Continue reading

20.629 граѓани од дијаспората ќе можат да гласаат

Post Views: 0 Државната изборна комисија утврди дека по завршувањето на рокот за поднесување на пријави за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии, од вкупно поднесени 21.029 пријави, 20.629 граѓани ги исполнија законските услови и нивните пријави беа прифатени. Со оглед дека за гласање во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин, Тел Авив и Солун се пријавиле по помалку од 10 граѓани, во овие девет дипломатско-конзуларни претставништва гласањето нема да се спроведе. На предвремените парламентарни...

Continue reading

zelencuk

Краставици, домати, салата можат слободно да се јадат

Post Views: 2 Здравствените власти во Германија сметаат дека причина за епидемијата со бактеријата ЕХЕК се никулците. Свежите домати, краставиците и салатата слободно може да се консумираат, објавија денеска властите во Германија. Причинителот на епидемијата со бактеријата ЕХЕК е пронајден: никулците за кои веќе постоеше сомневање, со голема веројатност се виновни за досега 29-те жртви и големиот број заболени од мутираната цревна бактерија. Ова денеска го потврди претседателот на институтот Роберт Кох, Рајнхард Бургер, во Берлин, иако досега не е утврдено присуство на оваа бактерија...

Continue reading

Текстилeн погон кластер на корона вирусот во Вевчани

Post Views: 0 Корона вирусот стигна и во Вечани. Нов  кластер е текстилниот погон „Мотекс“  во општината. Првата  вработена која се заразила  била на слава во Радожда, од таму го донесла вирусот. Досега има шест потврдени случаи, но  фабриката  се` уште работи. Моментално во општина Вевчани има 12  активни болни шест се од кластерот од фабриката. Во најголем дел сите се асимптоматски или со блага форма. Имавме едн пацинетка која се лекуваше на интерното одделение Струга за среќа и таа е добра мислам дека состојбата е под контрола, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани....

Continue reading

Трамп ги обвини Google, Facebook и Twitter за нечесност

Post Views: 1 Доналд Трамп дефинитивно е љубимец на социјалните мрежи, а некои го нарекуваат крал на истите, но на крајот и не се далеку од вистината. Секој збор на кандидатот за претседател на САД практично е “злато вреден” кога се во прашање социјалните мрежи, но и интернет општо, бидејќи кога Трамп ќе тргне, прашање на време е кога ќе експлодира, а подоцна тоа му се удира од глава во трката за претседател. За ваквиот статус Трамп за многу нешта е самиот виновен, бидејќи не ги бира зборовите, не е дипломат, а ниту се обидува да биде, а кога таков човек ќе каже нешто невообичаено,...

Continue reading

zgradata na Jobs

Џобс гради вселенски брод на копно за своите вработени

Post Views: 1 Првиот човек на “Ејпл“ Стив Џобс претстави уште еден, ултра амбициозен план. Компанијата е соочена со проблем на недостиг од простор за своите 13.000 вработени па Џобс и екипата одлучиле да направат не само нов работен простор за своите работници, туку и да го направат толку единствен, да изгледа како да не е од овој свет. Џобс се појавил пред советниците во Купертино Сити, каде “Ејпл“ има претставништво и им го претставил својот амбициозен план. Самиот Џобс проектот си го нарекол најдобро уредена деловна зграда во светот, а се работи за четирикатна кружна градба, која...

Continue reading

Летово има помалку интервенции на гаснење пожари на отворен простор

Post Views: 1 Летото секогаш подразбира повеќе работа за пожарникарите и поголем број интервенции на отворен простор. Но оваа година во периодот пролет-лето охридската ТППЕ бележи стотина интевенции помалку на отворен простор споредено со истиот период лани. „Можам да кажам дека периодов имаме многу мал број пожари на отворен простор. Во јули имаме околу 13 интервенции што како бројка е доста мала што се должи на временските прилики и зелената вегетација на територија на општините Охрид и Дебрца“. Минатата година од 1ви јануари до крајот на јули пожарникарите имале 270 интервенции...

Continue reading

Дејствувај за Дрим

Post Views: 2   Oбединети под заедничката иницијатива „Akt 4 Drin“, група балкански студенти беа запознати со законските регулативи од петте земји кои ги поврзува сливот на реката Црн Дрим. Оваа пролетна школа за прв пат се организира, а како иницијатива ги обединува студентите од земјите од сливот на реката Црн Дрим, како што нагласи Тома Влахојани програмскиот координатор на медитеранската организација. Таа додаде дека ги хармонизираат студентите и ги учат за богатствата што ги нуди црнодримскиот регион. Влахојани истакна дека 28 студенти во текот на својот престој во нашата земја...

Continue reading

viagra

Гадафи под истрага заради масовно силување, на војската и делел Виагра

Post Views: 5 Истражителите на Меѓународниот казнен суд тврдат дека имаат докази со кои го поврзуваат либискиот лидер Моамер Гадафи  за масовно силување на припадниците на племињата кои се на страна на бунтовниците.Главниот обвинител на Меѓународниот казнен суд Морено Окампо изјавил дека добил информации дека самиот Гадафи давал “овластување за силување“. “Никогаш не било навика тоа да се користи за контрола на населението. Силувањето е нов вид репресија. Очигледно тој одлучил да ги казни користејќи го силувањето“, рекол Окампо, додавајќи дека постојат докази Либија да купува големи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top