Трамп ги обвини Google, Facebook и Twitter за нечесност

Новиот спектакл и општ циркус на социјалните мрежи Доналд Трамп го приреди…

 |  инфодеск  | 

Доналд Трамп дефинитивно е љубимец на социјалните мрежи, а некои го нарекуваат крал на истите, но на крајот и не се далеку од вистината. Секој збор на кандидатот за претседател на САД практично е “злато вреден” кога се во прашање социјалните мрежи, но и интернет општо, бидејќи кога Трамп ќе тргне, прашање на време е кога ќе експлодира, а подоцна тоа му се удира од глава во трката за претседател.

За ваквиот статус Трамп за многу нешта е самиот виновен, бидејќи не ги бира зборовите, не е дипломат, а ниту се обидува да биде, а кога таков човек ќе каже нешто невообичаено, социјалните мрежи експлодираат.

Новиот спектакл и општ циркус на социјалните мрежи Доналд Трамп го приреди со објавата на Twitter, обвинувајќи ги Twitter, Google и Facebook дека се нечесни и неискрени. Спрема неговото видување трите највлијателни мрежи на светот се обидувале да ја забошотат наводната истрага која ФБИ ја води поврзана со неговата противкандидатка Хилари Клинтон.

Иако американските медиуми се обидоа да укажат дека тоа не е така, дека вестите и резултатите на пребарување во врска со истрагата ФБИ/Клинтон уредно се појавуваат, Доналд Трамп е уверен дека овие три џина водат медиумска војна против него. Едноставно неговото мислење е дека нема еднаков третман во сите медиуми, не само електронските.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top