Post Views: 0
На истекот од летната сезона 2020 се сумираат финансиските резултати од туристичката посетеност, но и од степенот на култура на гостите. Годинава, туристичката сезона е карактеристична по мошне сложена општествена сосотојба која ја наметна ковид 19 и пропишаните протоколи за хотелиерите и за гостите како заштита од пандемијата. Неодминливо е прашањето колку угостителите, хотелите и туристите кои летуваа на охридско-струшкото крајбрежје ги почитуваа пропишаните мерки.
„Првите две недели беа збунети во однесувањето. Хотелите и рестораните постапија по пропишаните прописи...
Post Views: 5
Младиот битолчанец Никола Шиндре на социјалните мрежи упати апел за парична помош од 6000 евра потребна за операција на неговата мајка, која е болна од рак. За таа цел Никола направи серијал фотографии, со кои сака да ја подигне јавната свест за условите во кои што живеат болните од карцином, но првенствено и за загадувањето во Битола. Тој укажа дека енормното загадување во Битола и околината од Рударско-енергетскиот комбинат „Битола“, пред се заради непоставувањето на филтри, како и незаинтересираноста на централната и локалната власт за овие прашања и немањето на силно...
Post Views: 6
Тајландскиот министер за информации ги предупреди луѓето кои кликаат „Like“ на фејсбук или пак „share“ на страници кои се сметаат навредливи за кралот и за кралското семејство ќе бидат обвинети за прекршување на основните закони на земјата и казната ќе биде до 15 години затвор.
Тој ги советуваше луѓето да кликнат „Unlike“ на тие страници и да ги отстранат сите коментари бидејќи ризикуваат, објави „Бангкок пост“.
Тајланд е познат по строгото спроведување на своите закони за заштита на достоинството на кралот и кралското семејство, без разлика од која националност е сторителот.
Во...
Post Views: 1
Деновиве започнаа активности за уредување на тротоарите од улицата „15ти Корпус“. Во тек е уредувањето на левата страна од улицата, а по завршување ќе се продолжи со уредување и на другата страна.
Активностите се во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15ти Корпус“ во прва фаза која се заокружува со изведувањето на активностите за уредување на тротоарите. Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација, асфалтирање и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.
Втората фаза од...
Post Views: 7
Голем број на деца во САД изразиле желба за новогодишните празници да добијат Ајпад или некој друг таблет сметач како подарок, но големи се шансите дека Дедо Мраз од нив ќе бара да бидат поскромни во своите барања, бидејќи кризата “удри“ и по неговиот џеб.
Поради економската ситуација, многу специјализирани компании ги советуваат Дедо Мразовците да не ветуваат големи подароци на дечињата за оваа година.
И покрај кризата, децата во своите писма упатени до Дедо Мраз бараат се’ поскапи подароци, меѓу кои електронските гаџети го заземаат првото место.
Во училиштето за Дедо...
Post Views: 5
Во завршна фаза е изградбата на Баскет игралиштето што го градат општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена специјална подлога за играње кошарка, рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.
Игралиштето е наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид во иднина планира овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.
Post Views: 4
Авион на внатрешен лет во Либија бил киднапиран и пренасочен во Малта, каде слета утринава, јавија малтешките медиуми.
Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320, во кој има 118 патници и екипаж, објави „Тајмс оф Малта“. Авионот летал од Себха во југозападна Либија до Триполи за државната авиокомпанија „Африкија Ервејс“.
Малиот медитерански остров Малта се наоѓа на 500 километри северно од либискиот брег. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер напиша: „Информиран сум за потенцијална ситуација со киднапирање на внатрешен либиски лет пренасочен во...
Post Views: 1
Група научници направи вештачки грип кој може да убие половина цивилизација доколку „излезе“ од лабораторијата.
Смртоносниот вирус е генетски модифицирана верзија на H5N1 птичјиот грип, но е многу позаразен и посмртоносен и лесно може да се пренесе на милион луѓе одеднаш. Рон Фушиер, лидер на истражувањето во лабораторија во медицинскиот центар Еразмо во Ротердам, признава дека новиот вид на вирус веројатно е еден од најопасните вируси кој може да се создаде во лабораторија. Тој смета дека објавувањето на резултатите од неговата студија е неопходно, за да можат властите...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (03/04.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 473 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 3
Прекрасниот вевчански амбиент со своите природни реткости во своите прегратки ги смести уметниците од седум земји во светот. Станува збор за учесниците на Седмата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“. Многу нови дела и оваа година ќе произлезат од оваа манифестација, кои ќе бидат видени не само во Вевчани, туку ќе го прошетаат и целиот свет, промовирајќи го раскошот на Вевчани, изворите, интимата на вевчанската природа и гостопримливото население. Организаторите велат дека годинешново издание било едно од најубавите досега.
„Условите беа прекрасни, миговите...
Post Views: 11
Интернационалната компанија “Меркер“ и оваа година највисока оценка за квалитетот на животот му даде на главниот град на Австрија, пред Цирих. Од вкупно 221 оценети градови, на последно место и овој пат се најде Багдад.“Разликата меѓу првите триесет градови на листата е минимална, но, сепак, во многу области Виена нуди многу повеќе отколку другите градови“, вели директорот на “Меркер Аустриа“, Јозеф Папузек.
Виена има предности на пример, во однос на јавниот превоз, квалитетот на домувањето како и големата понуда на ресторани.
Меѓу првите десет на листата се наоѓаат:...
Post Views: 1
Детските градинки ќе ги отворат вратите на 9-ти септември, но Владата се уште нема донесено одлука какви ќе бидат обврските за родителите чии деца ќе одат во градинка, но и за оние чии деца ќе останат дома. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека до донесување на друга владина одлука, и натаму важи мерката за ослободување од работа на еден родител на дете до 10 години на кое му е потребна грижа. Министерот за здравство, Венко Филипче, најавува дека за ова прашање ќе се разговара деновиве, а одлука може да се очекува идната недела.
„Тоа беше одлука за...