15 години затвор за Like на Фејсбук

Иако кривично одговарање за онлајн активност е ново, бројот на активности кои можат да ве пикнат во затвор е во пораст.

 |   | 
like
like

Тајландскиот министер за информации ги предупреди луѓето кои кликаат „Like“ на фејсбук или пак „share“ на страници кои се сметаат навредливи за кралот и за кралското семејство ќе бидат обвинети за прекршување на основните закони на земјата и казната ќе биде до 15 години затвор.

Тој ги советуваше луѓето да кликнат „Unlike“ на тие страници и да ги отстранат сите коментари бидејќи ризикуваат, објави „Бангкок пост“.

Тајланд е познат по строгото спроведување на своите закони за заштита на достоинството на кралот и кралското семејство, без разлика од која националност е сторителот.

Во 2007 година Швајцарец беше уапсен и осуден на 10 години затвор за постери направени со спреј со ликот на кралот. За негова среќа, кралот го помилува по четири месеци.

Во 2009 година австралиски писател беше осуден на три години затвор за пишување роман, кој содржи дел очигледно навредлив за кралското семејство. Уште еднаш, и тој имаше среќа бидејќи беше помилуван од кралот.

likeВниманието на властите во Тајланд сега е кон интернетот. Оваа година Американецот Џо Гордон беше уапсен за постирање делови на својата страна од забранетата биографија на кралот. Судот сеуште не пресудил за овој случај.

Иако овие случаи илустрираат безопасен национален закон, реалноста е дека никој не е имун на апсење за нивните активности на интернет, дури и во западниот свет.

Британската полиција неодамна уапси некои корисници на Фејсбук за наводно иницирање на немири и грабежи за време на летните нереди во земјата. Тие беа осудени на четири години во затвор.

Во САД шест тинејџерки беа задржани во полиција откако го користеле Фејсбук за испраќање покани да се учествува во т.н. „Ден за да го нападнеш наставникот“. Казната за нив не е толку тешка, но беа пуштени под надзор на нивните родители и беа суспендирани од училиштето неколку дена.

Иако кривично одговарање за онлајн активност е ново, бројот на активности кои можат да ве пикнат во затвор е во пораст.

Тајланд можеби има ексцентрични закони во однос на слободата и говорот, но исто така се појави алармирачки тренд и во Западот. Интернетот, кој некогаш беше темел за слободно говорење, сега е надгледуван од власти кои сакаат да го протолкуваат она што го читаат како доказ за кривично дело.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top