Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (08/09.09.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
Post Views: 4
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
Поточно епицентарот на земјотресот бил на 4 километри североисточно од Арачиново и 6 километри северно од Марино.
Земјотресот предизвика вознемиреност кај Скопјани, и се почувствува и во повисоките згради како и во пониските објекти во главниот град.
Овој земојтрес е еден од посилните после...
Post Views: 1
Претставници на државното раководство на Србија присуствуваа во Крагуевац на претставувањето на првиот модел „L zero“ на италијанскиот „Фиат“, произведен во Крагуевац. Со новиот модел на крагуевачкиот Фиат се повозија српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ кои изразија задоволство од проектот од кој очекуваат пораст на извозот од милијарда ипол до две милијарди евра кога ќе се подигне капацитетот на производството како и намалување на минусот во платниот биланс во Србија.
Новиот модел се очекува да биде претставен пред јавноста на претстојниот саем...
Post Views: 2
Во последните 24 часа се регистрирани 14 нови случаи на охриѓани заразени со корона висрусот. Во струга 2 новоинфицирани. На ниво на државава од направени 1384 тестирања, регистрирани се 99 нови случаи.8 починати лица е црниот биланс од Ковид во последново деноноќие. Починаа двајца охриѓани, двајца пациенти од Тетово, еден од Струга, еден пациент од Делчево , Скопје и од Дебар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од кои 8 стружани и еден охриѓанец. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата...
Post Views: 7
Американскиот претседател Барак Обама вчера во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики пред конечното повлекување на американската војска од Ирак, кое треба да заврши до крајот на годинава.
На заедничката прес-конференција по средбата Обама истакна дека САД и Ирак се на пат „да свртат страница и да започнат ново поглавје“ во меѓусебните односи.
– Тоа е историски момент. По околу девет години војната завршува, нов ден е пред нас и немојте никогаш да ги заборавите оние кои се заслужни за да ја имаме оваа можност, додаде американскиот претседател.НАТО...
Post Views: 0
Градоначалникот Константин Георгиески упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.
– Денешниот голем празник е доказ за истрајноста и одлучноста на нашиот народ да изгради слободна, независна и суверена држава. Пред точно 29 години македонските граѓани донесоа историска одлука со која беше исполнет вековниот стремеж и беше остварен сонот на многу наши предци.
Водени од желбата и плановите за обезбедување на подобри услови за живеење во сите сегменти на општеството, продолжуваме посветено да ја градиме нашата држава Република...
Post Views: 7
Земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја потресе Романија, објави Европскиот сеизмолошки центар (EMSC-CSEM).
Потресот се случил во 00:20 часот по македонско време во близина на градот Фокшани, област Вранча. Епицентарот е на 142 километри северно од Букурешт и се наоѓа западно од регионот на Вранча во сеизмичката зона на романските Карпати. Длабочината на ударот е околу 100 километри и тоа е причината сеизмичките бранови да се шират на релативно големи растојанија.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван во Романија, Бугарија, Молдавија...
Post Views: 4
Данското архитектонско студио MVRDV неодамна ги откри своите планови за нов луксузен станбен комплекс во престолнината на Јужна Кореја, Сеул. Проектот е наречен „The Cloud“ и е составен од два високи облакодера кои се споени некаде на средината во вид на пикселизиран облак.Дизајнот предизвика негодувања поради тоа што наликува на кулите-близначки во Њујорк кои беа цел на теротристички напад. Имено, токму пикселизираниот облак, кој ќе започнува некаде на 27-от кат и ќе се извишува 10 ката нагоре, е најспорниот дел во овој архитектонски проект, бидејќи страшно потсетува...
Post Views: 6
Граѓаните се почесто избираат да купуваат производи on line преку интернет, нагласуваат од ОПМ. Ваквиот начин на купување заштедува време и пари, нема физичка комуникација што е добро во услови на пандемијата со Ковид 19 ама има и многу неправилности. Паралелно со овој современ начин на купување во пораст се измамите кон купувачите, според анализите на ОПМ, вели Катерина Павлоска од охридското Советодавно биро. Граѓаните јавуваат дека при on line трансакцијата продавачите не го испочитувалe рокот на испораката на прозиводот или за купениот прозивод не доставиле фискална...
Post Views: 36
Дрвениот мост, симболот на љубовта во Струга до крај на годинава ќе биде изграден. На истото место, каде што во моментов има само железна конструкција од некогашниот дрвен мост, ќе никне нов, современ и квалитетен мост. Такви се најавите на струшката локална власт. Мостот кој ги поврзува двата кеја на реката Црн Дрим и го скратува патот на мештаните од една до друга страна, стружани 5 години наназад го ставаат на приоритетна листа на проблеми кои треба да се решат во општината, вели Ресул Хани од секторот за урбанизам Струга.
„Овој мост еден ден мораше да се врати,...
Post Views: 1
Денеска во Осло свечено беше доделена Нобеловата награда за мир. Оваа година таа замина во рацете на три жени- либериската претседателка Елен Џонсон Сирлиф, либериската мировна активистка Лејмах Гбове и јеменската новинарка и активистка Тавакул Карман. Трите добитнички на наградата порачале дека тоа признание ќе им биде дополнителен поттик во борбата за правата на жените, демократијата и мирот во нивните земји и во светот.
“Светот веќе не може да не’ држи на страна. Тој мора да ги почитува нашите вештини и способности“, изјавила Гбове.
Елен Џонсон Сирлиф, наградата...
Post Views: 6
Во текот на изминатото деноноќие (07/08.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 445 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.