Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир

Денеска во Осло свечено беше доделена Нобеловата награда за мир. Оваа година таа  замина во рацете на три жени- либериската претседателка Елен Џонсон Сирлиф, либериската мировна активистка Лејмах Гбове и јеменската новинарка и активистка Тавакул Карман.

 |   | 
dobitnicki-Nobelova za mir

Трите добитнички на наградата порачале дека тоа признание ќе им биде дополнителен поттик во борбата за правата на жените, демократијата и мирот во нивните земји и во светот.

“Светот веќе не може да не’ држи на страна. Тој мора да ги почитува нашите вештини и способности“, изјавила Гбове.

Елен Џонсон Сирлиф, наградата им ја посветила на сите жени од Африка, посебно на оние од нејзината земја кои се соочувале со различни потешкотии за време на граѓанската војна.

“Тие го носеа товарот на немирите, беа изложени на силување, сексуално ропство, а и понатаму мораа да се грижат за своите деца додека нивните мажи војуваа“, рекла либериската претседателка.

Досега Нобеловата награда за мир jа добиле 12 жени. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top