Post Views: 6
Епидемиолошката состојба во земјава бележи зголемување на новите случај на Ковид-19, почнувајќи во периодот пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи се зголемува во однос на минатите недели, односно е зголемен за 25 проценти, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче посочи и дека расте и факторот на преносливост на вирусот.
Јасно е дека сега ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка состојба која ја имавме – нагласи министерот.
Ваквиот раст може да се каже дека е очекуван имајќи предвид...
Post Views: 1
Туристичките агенции задоволни од донесените владини економски мерки. Со нив, сметаат дека од банкрот ќе се спасат постабилните туристички агенции кои беа најпогодени од корона пандемијата. Иако помошта доаѓа малку подоцна секако е добредојдена, вели Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“. Маленко кажува дека голем товар во работењето им било тоа што биле оставени сами на себе да се снаоѓаат за плати и режиски трошоци во месеците јули, август и септември .
„Туристичките агенции останаа на работ на егзистенција затоа што освен неколку поголеми тур оператори од државата кои подигна...
Post Views: 3
Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека ќе се повлече од Шенген зоната доколку не се преземат построги мерки за сопирање на нелегалната имиграција. За време на говорот во Париз, кој е дел од предизборната кампања, претседателот изјави дека реформите се единствениот начин да се избегне „имплозијата“ на Европа, пренесува Би-би-си.
Тој кажа дека доколку не се постигне напредок во следните 12 месеци, Франција ќе го суспендира учеството во Шенген договорот.Договорот овозможува слободно патување, без пасош, меѓу 25 европски нации. Нелегалната емиграција е едно...
Post Views: 2
Островската држава во Тихиот Океан, Кирибати наскоро би можела да исчезне во океанот, поради што властите имаат намера да ги преселат жителите во соседната држава, Фиџи.
Претседателот на Кирибати, Аноте Тонг изјавил дека моментално преговара со властите во Фиџи околу купување на вториот нивен најголем остров Вану Леву кој се простира на 5.000 квадратни километри, пренесува рускиот интернет портал „Вести“.
Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун неодамна ја посетил Кирибати и со претседателот Аноте Тонгом разговарале за опасноста од климатските промени.
Според...
Post Views: 1
Од ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“- Охрид по повод 29ти Септември Светскиот ден на срцето порачуваат дека медицинските тимови и во услови на пандемија се тука за своите пациенти и граѓаните.Во време на КОВИД 19 пациентите со Кардиоваскуларни заболувања се соочуваат со двојна закана, не само што се во ризик да развијат потешки форми на болеста туку тие можат и да се плашат да ја побараат потребната грижа за нивното кардиоваскуларно здравје!, велат од болницата.
„Ние како институција која...
Post Views: 14
„Дневник“, првиот приватен дневен весник во Република Македонија, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денес излезе во продажба за последен пат.
Денешното издание на дневниот весник „Дневник“ е последното што читателите можеа да го купат. Од утре весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, период во кој ќе бидат испратени „на одмор“, а фирмата ќе оди во ликвадација. Ова од менаџментот денеска им го соопштиле на 60-тина вработени во „Дневник“, со образложение дека фирмата не успеала да обезбеди кредит,...
Post Views: 1
Активистите од француската група АДМД кои го подржуваат правото на еутаназија, покренале кампања преку која ќе ги промовираат правата на болните лица во терминална фаза и во таа прилика изработиле реклама на која во болнички кревет се наоѓа францускиот претседател Никола Саркози и неговите противници.
Интересно е како од кампањата е изоставен социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд, поради тоа што го поддржува правото на еутаназија додека Саркози, Ле Пен и Бајроу се избрани бидејќи во медиумите изјавиле дека се против еутаназијата.
Истражувањата спроведени во текот...
Post Views: 6
Како дел од проектот за локална и регионална конкурентност, во ОУТУ „Ванчо Питошески“ се изведе целосна реконструкција на санитарните јазли.
Проектот е финансирани од Европска унија и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија и општина Охрид. Вредноста на проектот изнесува 574.695 денари.
Post Views: 2
Двајца палеонтолози успеаја да го утврдат идентитетот на заедничкиот предок на сите ’рбетници – риби, птици, цицачи, вклучувајќи го и човекот, кој живеел пред половина милијарда години.Сличен на црв, „пикаиа грациленс“ (pikaia gracilens) бил вид на примитивен хордат чии единствени познати фосили се пронајдени во карпите Барџис шајла, наоѓалиште од средниот камбриум, во националниот парк Јохо, на истокот на Канада.Ова суштество имало миомери, односно мускули својствени на ’рбетниците, наведуваат во студијата објавена во списанието „Биолоџикал ривјус“ (Biological...
Post Views: 7
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30. Септември 2020 година (среда), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св.мч-ки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на...
Post Views: 5
Американски Апелациски суд во Сан Франциско одби да ја обнови привремената забрана за влез на мигранти од седум претежно муслимански земји што беше наредена од претседателот Доналд Трамп.
Тоа, според оценките на американските медиуми, претставува голем удар за антиимиграциската политика на новата американска админситрација.Во едногласната одлука комисијата од тројца судии ја оставија во сила блокадата на забраната за влез во САД. Пртетседателот Трамп веднаш одговори на Твитер: „Се гледаме на суд, во прашање е безбедноста на нашата земја“.