Луѓето потекнуваат од црви?!

Двајца палеонтолози успеаја да го утврдат идентитетот на заедничкиот предок на сите ’рбетници – риби, птици, цицачи, вклучувајќи го и човекот, кој живеел пред половина милијарда години.

 |   | 
crv
црв предок

crvДвајца палеонтолози успеаја да го утврдат идентитетот на заедничкиот предок на сите ’рбетници – риби, птици, цицачи, вклучувајќи го и човекот, кој живеел пред половина милијарда години.
Сличен на црв, „пикаиа грациленс“ (pikaia gracilens) бил вид на примитивен хордат чии единствени познати фосили се пронајдени во карпите Барџис шајла, наоѓалиште од средниот камбриум, во националниот парк Јохо, на истокот на Канада.
Ова суштество имало миомери, односно мускули својствени на ’рбетниците, наведуваат во студијата објавена во списанието „Биолоџикал ривјус“ (Biological Reviews).
majmun

Благодарение на напредокот на истражувачките техники, особено на електронскиот микроскоп, двајцата научници успеале да ја потврдат хипотезата која Конвеј Морис ја изнел уште во 70-те години на минатиот век, а не бил во можност да ја докаже со прецизен опис.
Научниците констатирале дека пикаиа, организам на меко тело, поседувал миомери. Тие мускули одамна исчезнале, но научниците успеале да идентификуваат сврзувачки ткива за кои биле прицврстени.
– Особено важна карактеристика на овие животни е присуството на таканаречените нотохорди, ’рскавични структури кои кај ’рбетниците прераснуваат во ’рбет – објаснуваат научниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top