Кирибати ќе исчезне

Островската држава во Тихиот Океан, Кирибати наскоро би можела да исчезне во океанот, поради што властите имаат намера да ги преселат жителите во соседната држава, Фиџи.

 |   | 
kiribati
Кирибати

Островската држава во Тихиот Океан, Кирибати наскоро би можела да исчезне во океанот, поради што властите имаат намера да ги преселат жителите во соседната држава, Фиџи.

kiribati

Претседателот на Кирибати, Аноте Тонг изјавил дека моментално преговара со властите во Фиџи околу купување на вториот нивен најголем остров Вану Леву кој се простира на 5.000 квадратни километри, пренесува рускиот интернет портал „Вести“.

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун неодамна ја посетил Кирибати и со претседателот Аноте Тонгом разговарале за опасноста од климатските промени.

Според проценките на неколку научници, некои земји кои се наоѓаат во средиштето на океаните, поради климатските промени би можеле да потонат во наредните 100 години.

Бан Ки-мун во оваа прилика изрази грижа за иднината на жителите на Кирибати, бидејќи се први кои би можеле да потонат и поради тоа Бан апелираше до меѓународната јавност итно да се интервенира, бидејќи нивото на вода се повеќе и повеќе расте.

На Кирибати, која се состои од три острови Феникс, Жилберт и Северна и Јужна Област, живеат 98.000 луѓе, од кои повеќето се занимаваат со риболов, одгледување и преработка на кокосови ореви.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top