Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 628 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Post Views: 5
Изминатата ноќ повторно помина со повеќе земјотреси кои се почуствуваа во Охрид и околината поради што граѓаните останаа без сон.
Последниот потрес е регистриран пред околу три часа, со jачина од 2,6 степени според Рихтер, на длабочина од помалку од еден километар.
Претходно имаше потреси од 3,3 степени, според Рихтер, на длабочина од 1 километар, 3,2 на длабочина од 2 километри и 3 степени на длабочина од 2 километри.
Епицентарот на земјотресите, како и во претходните денови беше на неколку километри од Охрид и Косел.
Post Views: 1
Бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов од трибината на парламентот изјави дека на седницата на министерскиот совет, која ќе се одржи денеска на пладне, најави дека ќе поднесе оставка на Владата. Борисов рече дека ГЕРБ дошле на власт со волјата на луѓето и дека на истиот начин повторно ќе ја бараат довербата од народот. Тој беше категоричен дека вчера Владата направила максимум, за да одговори на барањата на демонстрантите и...
Post Views: 2
Претседателот Бранко Црвенковски од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел.
За време на посетата, претседателот Црвенковски ќе оствари средби со белгискиот премиер, Ив Летерм, комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оли Рен, како и со високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана.
Предвидено е Црвенковски за време на престојот во Брисел да се сретне и со генералниот секретар на НАТО, Јап Де Хоп Шефер.
Post Views: 3
Во изминатите два дена, во Маврово и Попова Шапка, на информативна тура, 15 тур оператори од Белорусија се запознаа со можностите кои ги нудат нашите зимски туристички центри.
Во периодот кој следи АППТ започнува да ги промовира нашите туристички потенцијали кога станува збор за зимската сезона, на туристите од Белорусија и Украина, како и можностите за подигање чартер линии кои ќе продолжат со работа и во летната сезона 2021 и порај Ковид кризата. Во 2021 година туристите од Украина, Белорусија и Руската Федерација се повеќе ќе бидат присутни во нашите туристички центри....
Post Views: 16
На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“.
Според зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат.
Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот,...
Post Views: 4
Британската бизнис групација (ББГ) во Македонија денеска ги поздрави законските измени кои и на странските државјани им овозможуваат да купуваат земјиште и друг недвижен имот во државата. Претседателот на ББГ Реј Пауер истакнувајќи дека овие измени ќе го зголемат бројот на инвеститори во Македонија, посочи дека тие меѓу другото, се резултат и на лобирање на нивната групација. Претставникот на инвестиционата банка од Лондон Колин Колино, кој присуствуваше на денешната редовна седница на ББГ, оцени дека „во овие турболентни времиња британските инвеститори се одлучуваат...
Post Views: 3
Во охридското средно угоститеско- туристичко училиште Ванчо Питошески нормално тече он лине и практичната настава во кабинетите. 180 средношколци од ова школо следат он лине настава од 1 до 4 година во повеќе стручни занимања. Од нив 70 ученици имаат практична настава во кабинетите, информира Марјан Радески, директор на ОУТУ Ванчо Питошески. Струките келнер и готвач имаат практична настава во 1,2 и 3 година, а струките угостителски техничари во 3 и 4 година.
„Бидејќи сме стручно училиште наставата ќе се следи во кабинетите со почитување на протоколите и запазување на...
Post Views: 4
Холандската полиција, во текот на ноќта, ги растера демонстрантите, приврзаници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од пред турскиот конзулат во Ротердам. Тие протестираа откако на турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Каја и беше оневозможен пристап до тој објект.
Министерката потоа беше протерана од Холандија и со придружба на полиција доведена до границата со Германија.
Градоначалникот на Ротердам доцна вечерва прогласи вонредна состојба во обид да ги спречат протурските демонстрации пред конзулатот, кој се претвори во жариште на влошување на...
Post Views: 3
Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва.
При тоа, над 400 луѓе биле повредени од парчиња скрешеното стакло кои се распрснале како последица на експлозијата. Владимир Степанов, шеф на рускиот кризен штаб на министерството за итни ситуации изјави:
„Во 7 часот и 45 минути по локално време метеорски дожд падна над Урал кај регионите Курганск,Челабинск, Екатеринбург и Тиемен.“
Нивото на радијација, според Степанов, е нормално и нема негативни последици врз сообраќајот или нуклеарните централи во тие региони.Руските...
Post Views: 1
Новонаименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Томас Рикер денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски.
Рикер е петти американски амбасадор во Македонија, кој тука работеше од 1997 до 1999 година како раководител на Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, кога беше и портпарол на тогашниот амбасадор Кристофер Хил. Кога дојде во четвртокот, Рикер за медиумите изјави дека е задоволен што ќе има можност да биде со старите пријатели и да запознае нови за време на...
Post Views: 3
Без проблеми се одвиваат работите за чистење на урбано речно корито на Црн Дрим, информира Никола Здравески, проект менаџер од УНДП. Сигурни сме дека и понатака ќе нема проблеми бидејќи имаме поддршка од локалното население и општина Струга. Исчистени се една третина од 765 метри должина од урбаното корито,а работите се очекува да финишираат до крајот на овој месец, кажува Здравески.
„Според досегашните активности кои се отпочнати од пред една недела се дојдени до 1/3 од работите. Пред почетните активности изведувачот работеше на пристапи и се водеше сметка при активностите...