Метеорски дожд во Русија, стотици повредени

Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва.

 |  Голабовски Крсте  | 
meteor
метеор

Руските медиуми јавија дека најмалку еден метеорит паднал во Чељабинск на 1500 килиометри источно од Москва.

При тоа, над 400 луѓе биле повредени од парчиња скрешеното стакло кои се распрснале како последица на експлозијата. Владимир Степанов, шеф на рускиот кризен штаб на министерството за итни ситуации изјави:

„Во 7 часот и 45 минути по локално време метеорски дожд падна над Урал кај регионите Курганск,Челабинск, Екатеринбург и Тиемен.“

meteorНивото на радијација, според Степанов, е нормално и нема негативни последици врз сообраќајот или нуклеарните централи во тие региони.
Руските власти соопштија дека делумно е уништен кровот на фабриката за цинк кај Чељабинск.

Деловите на матеоритот паднале врз ретко населена област на источните падини на Урал. Трагите од метеоритот пак се гледале на небото над Екатеринбург на 200 километри југоисточно од Чељабинск.

Инаку астероид со големина на половина фудбалско игралиште ќе и се приближи на Земјата денеска во попладневните часови, што според научниците, е најблиско надлетување на земјата од објект од ваков тип. Од НАСА соопштија дека астероидот ќе се приближи на 27 илјади километри од земјата и ќе се движи со брзина од 13 километри во секунда. Сепак, тие додаваат и дека неговото надлетување нема да има никакви последици. Астероидот ќе биде најблиску до Земјата во 20:24 часот по средноевропско време поминувајќи над Индискиот Океан, а најдобро ќе се гледа од Источна Европа, Австралија и Азија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top