Post Views: 1
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Ивица Боцевски денеска во Брисел пред пратеници во Европскиот парламент и други европретставници ќе ги презентира активностите што ги презема Република Македонија за интегрирање во Европската унија.
Боцевски ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент Ханс Герт Потеринг, со европарламентарците Дорис Пак, Ханес Свобода и Ерик Мејер, кој е известувач на Европараламентот за Македонија.
Македонскиот вицепремиер за европски прашања ќе има обраќање пред Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент при што ќе...
Post Views: 12
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19 и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.
Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.
Беше...
Post Views: 3
Ноќеска во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад што значи дека времето во три часот, ќе се смета како два часот.Зимското сметање на времето почнува последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд во март кога започнува летното сметање на времето.Поместувањето на стрелките во Западна Европа воведено е на почетокот на 70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста,...
Post Views: 9
Денеска се одбележуваат три децении од откривањето на смртоносниот вирус ХИВ и СИДА-та која досега има одземено над 30 милиони животи.
И иако поминаа 30 години, научниците се’ уште немаат пронајдено вакцина со која ќе се спречи ширењето на „чумата а 21-от век“.
Екипа француски вирусолози, предводена од проф. Лук Монтание, во американското списание „Сајанс“ од 20 мај 1983 година го открија и опишаа новиот вирус, изолиран од серопозитивен пациент.
Тој првично беше наречен ЛАВ, за подоцна да се преименува во ХИВ. Тоа е вирусот што предизвикува СИДА, пренесуваат француските...
Post Views: 8
Акцискиот план за реализација на препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2008 година, денеска ќе биде претставен во Брисел.
Акцискиот план ќе го претстави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, кој ќе има излагање на Комитетот за надворешни прашања при Европскиот парламент.
За секоја препорака е предвидена посебна мерка и рок за нејзино исполнување, рече Боцевски на вчерашната прес конференција одржана во Скопје. „Македонија има капацитет утре да ги почне преговорите со Европската унија“, изјави вчера...
Post Views: 0
Установите од културата неискористените средства за реализаиција на проекти ќе треба да ги вратат до крајот на годинава. Охридската национална установа Завод и музеј не реализирала само еден проект заради пандемијата од нацрт годишната програмата за реализација на проекти на Националните установи. Во 2020 година НУ Завод и Музеј конкурирале со 21 проект. Од нив 13 биле од областа на заштита на културната наследство, 5 од музејската дејност, 2 од областа на меѓународна дејност и еден проект од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, информира Даниела Недељковиќ...
Post Views: 1
Со проекцијата вон конкуренција на филмот „Големиот Гетсби” во 3Д техника, што е вторпат откако во 2009 година фестивалот беше отворен со анимацијата „Up”, во средата навечер започна 66-то издание на Канскиот филмски фестивал на кој и годинава учествуваат најголемите имиња на светскиот филм.
Фестивалот го прогласи отворен американскиот актер Леонардо Дикаприо пред публиката во Фестивалската палата којашто претходно со долг аплауз го поздрави претседателот на годинешното фестивалско Стивен Спилберг.
„Го прогласувам отворен 66-от Канскиот фестивал”,...
Post Views: 3
Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та.
На плоштадот Македонија во Скопје од 14 до 16 часот ќе се одржи едукативна игра на црвената панделка, потоа бесплатни гушкања со главна порака „ХИВ не се пренесува преку прегратка“.
Во Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111 ХИВ-инфицирани случаи, од кои 60 завршиле фатално. Во 2008 година се регистрирани осум нови случаи. Меѓу заболените доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се машкиот пол. Во најголем...
Post Views: 0
Охридскиот совет го усвои ребалансот на буџетот. Со ребалансот се кратат дел од средствата кои се планирани и се во тек на реализација, а за наплата ќе пристигнат во новата 2021 идната година, кажа градоначалникот Константин Георгиески. Вкупниот буџет е намален за 9 проценти и изнесува 1 милјарда 113 мил 433 илјади 751 денари , а основниот буџет изнесува 548 милиони и 300 илјади денари. Георгиески кажа дека во остварување на буџетот носечка е програмата за уредување на градежно земјиште кое заклучно со 31ви октомври 2020 изнесува 70 посто. Тоа се должи на успешно завршување...
Post Views: 0
Марк Бартра го извлече најдебелиот крај во бомбашкиот напад чија цел беше клупскиот автобус на Борусија Дортмунд, но ако се земе во предвид дека поранешниот стопер на Барселона мина само со повреда на раката, може да се заклучи дека комплетниот екипаж на „милионерите“ мина навистина добро во оваа страшна ситуација.
Германските медиуми се уште со неверица го пренесуваат нападот кој за малку не заврши трагично по еден од најсилните тимови во Европа, а доцна во ноќта со официјално соопштение излезе и Борусија, односно директор Ханс Јоаким Вацке.
Главниот оперативец на Борусија...
Post Views: 4
Во налет на пролетното торнадо, на северот на американската сојузна држава Тексас, шест лица загинале, а десетици се повредени. Материјалната штета е голема, торнадото уништи или оштети многу куќи.
Од невремето најмногу бил погоден градот Гранбери, властите соопштиле дека торнадото речиси целосно уништил две населби.
Разорната трага на торнадото е широка повеќе од 1.500 метри и долга речиси 40 километри.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Македонија денеска официјално ќе го информира медијаторот во преговорите за името Метју Нимиц, за назначувањето на Зоран Јолевски за нов македонски преговарач.
Указот за негово назначување денеска се очекува да го потпише шефот на државата Бранко Црвенковски.
Амбасадорот Зоран Јолевски викендов беше именуван за нов преговарач за името, во рамки на преговорите што се одвиваат под закрила на Обединетите нации.
Јолевски најавил дека во тимот остануваат и досегашниот преговарач Никола Димитров, како и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер.
Со изборот на Јолевски...