Триесет години од откривањето на смртоносниот ХИВ вирус

Денеска се одбележуваат три децении од откривањето на смртоносниот вирус ХИВ и СИДА-та која досега има одземено над 30 милиони животи.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Денеска се одбележуваат три децении од откривањето на смртоносниот вирус ХИВ и СИДА-та која досега има одземено над 30 милиони животи.

И иако поминаа 30 години, научниците се’ уште немаат пронајдено вакцина со која ќе се спречи ширењето на „чумата а 21-от век“.

hivЕкипа француски вирусолози, предводена од проф. Лук Монтание, во американското списание „Сајанс“ од 20 мај 1983 година го открија и опишаа новиот вирус, изолиран од серопозитивен пациент.

Тој првично беше наречен ЛАВ, за подоцна да се преименува во ХИВ. Тоа е вирусот што предизвикува СИДА, пренесуваат француските медиуми.

Улогата на вирусот за болеста СИДА беше потврдена следната година од страна на американската екипа на проф. Роберт Гало.

Водечки специјалисти од светот, на симпозиум во Париз од 21 до 23 мај, се подготвуваат да дадат оптимистичка оценка за борбата против СИДА-та за да ја одбележат годишнината.

Засега надежите се врз трајната ремисија по запирање на лечењето и разработување на стратегии за напади врз скривниците на вирусот во организмот, од каде тој повторно може да го завладее.

И покрај сите напори за информирање на населениот и за превенција, ХИВ продолжува да се шири вртоглаво. СИДА-та веќе зеде 30 милиони жртви. Од вирусот на ХИВ се заразени 34 милиони лица во светот. Секоја година од болеста умираат околу 1,8 милиони лица.

Во Македонија од 1987 година до сега се регистрирани 166 случаи со ХИВ/СИДА, од кои 69 починале. Во моментов во Македонија живеат 97 лица со ХИВ/СИДА, а само годинава се регистрирани 20 нови случаи, што е најголем број новооткриени случаи годишно во земјава.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top