• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охридската национала установа Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект

Охридската национала установа Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект

Установите од областа на културата кои не ги искористиле доделените средства за реалиција на проекти до крајот на годинава ќе треба да ги вратат средствата на ресорното министерство. Охридскиот  Завод и музеј ќе врати срeдства само за еден нереализиран проект. Останатите проекти ги завршиле, а некои се во тек.

 |  Валентина Неловска  | 

Установите од културата неискористените средства за реализаиција на проекти ќе треба да ги вратат до крајот на годинава. Охридската национална установа Завод и музеј не реализирала само еден проект заради пандемијата од нацрт годишната програмата за реализација на проекти на Националните установи. Во 2020 година НУ Завод и Музеј конкурирале со 21 проект. Од нив 13 биле од областа на заштита на културната наследство, 5 од музејската дејност, 2 од областа на меѓународна дејност и еден проект од областа на визуелна уметност, архитектура и дизајн, информира Даниела Недељковиќ , директор на НУ Завод и музеј.

Од вкупниот број на проекти не се реализира само еден проект од областа на визуелна дејност уметност, архитектура и дизајн, тоа беше 30та традиционална изложба поради пандемијата. Останатите проекти се во тек на резлаиција, некои се реализираа, а за некои се изработува тендерската документација и се чекаат потребните документи од други институции за да се отпочне со реализација на проектите“.

Средствата наменети за овој нереализиран проект ќе треба да се вратат. Министерството е известено тие средства ги вративме бидејќи не се искористени за реализација, а другото се ќе се реализира, вели Недељковиќ.

„Моментално во заводот се релизира проектот за опремување на библиотеката, а исто така и каблирање за поставување на интернет, како и проектот на Самоилова тврдина“.

Покрај овие проекти се реализирани уште неколку како што се обновување на кровни конструкции и фасади на куќи со автентична охриидска архитектура. Меѓу нив се куќите на Хаџиеви и Крапчеви, како и проектот за рекогностирање на делови на источниот и југоисточиот брег на Охридското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top