Post Views: 7
Плаошник вратен на државата. На вонредната седница на Советот на општината, на барање на Н.У. Завод и музеј“ беа регулирани имотно правните односи помеѓу Општина Охрид и Министерството за култура кои се однесуваат на земјиштето на Плаошник. Корисник на ова земјиште досега беше ЈКП Охридски Комуналец, а во сопственик на РМ. Со одлуката едногласно изгласана и донесена на денешната вонредна седница, правото на користење на ова земјиште е вратено на Република Македонија. Причина за донесување на оваа одлука и враќање на земјиштето е изградбата на Унверзитетскиот комплекс....
Post Views: 8
На продолжението од 21-та седница, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Станува збор за преземање на ингеренциите од Министерството за транспорт и врски, од страна на Локалната самоуправа. Овие ингеренции во најголема мера се однесуваат на регулирање на водениот сообраќај во крајбрежниот појас.
Општината сака да ја конторилира и внатрешната пловидба по Охридското езеро. На денешното продолжение на 21-та седница на советот, изгласан предлог заклучок со кој се бараат измени и дополнувања на Законот за внатрешна...
Post Views: 10
И по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој. Инаку, во ова тело членуваат 12 експерти од повеќе институции со задача да придонесат за поголема превенција на сообраќајната безбедност во градот. Одговор за ваквата пасивност на ова тело побаравме од претседателот Томислав Тунтев. Тој потврдува дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржал...
Post Views: 1
Во рамките на програмата „Градот и попреченоста“ , имплементирана од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, за Охрид подготвен и промовиран Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина Охрид за 2010 – 2013 год. Оваа категорија граѓани задоволни што општина Охрид смогна сили да реши дел од нивните проблеми. Наум Костески вели дека е многу среќен што конечно нивните проблеми околу движњето, здравственото осигурување, вработување, дојдоа на дневен ред.
Овој план настана благодарение на потпишаниот...
Post Views: 8
Со почетокот на месец септември, заврши летниот режим на сообраќај. Ова сообраќајно решение кое го донесе советот на град Охрид, во функција беше од 1 јули, па се до вчера. Денеска беа извадени сообраќајните знаци кои на моторните возила им го укажуваа правецот на движење во текот на летниот период.Покрај сообраќајните знаци, беа извадени и дел од конусите кои во голема мерка помогнаа, несовесните возачи да не се паркираат на оние места каде им ја намалуваат прегледноста на останатите учесници во сообраќајот.
Во телефонскиот разговор со раководителот на Одделението...
Post Views: 7
Конечно прв предлог за изградба на марина на Охридското езеро, зацртана во еден од шесте Нацрт детални урбанистички планови, изгласани на 21-та седница. Ова е предлог за изградба на марина во Општина Охрид, па макар и мини, па макар и во село Пештани. Како локација е избрано старото постоечко пристаниште, кое со мали измени и проширувања треба да ја извршува функцијата на марина. Покрај нацрт деталниот план за Пештани, на завчерашната 21-ва седница на Советот на општината донесени уште 5 нацрт детални урбанистички планови, околу кои советниците од позицијата и опозицијата...
Post Views: 32
Полициските службени возила не возат со гориво на вересија. Иако вчера претседателот на СДСМ Науме Јованоски рече дека немањето доволно гориво за службениоте возила е причина за зголемениот број сообраќајни незгоди се покажа спротивното.
Охридската полиција будно ја следи состојбата во градот. Обвинувањата на ОО на СДСМ дека полициските возила во градов кубурат со гориво за службените возила се покажаа како неточни. Имено на вчерашниот прес на охридските Социјалдемократи претседателот на партијата Науме Јовановски излезе со информација дека според нивните сознанија...
Post Views: 1
Градоначалникот Александар Петрески на првачињата од О.У. „ Живко Чинго“ во село Велгошти, им посака успешен почеток на учебната 201/2011 година. Беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.Многу радост, малку трема и по некоја солза. Првачињата седнаа во ушилишните клупи. Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и средбата со своите другарчиња.Градоначалникот Александар Петрески им посака успешна учебна година на учениците од О.У. „Живко Чинго“ во село Велгошти, како и на сите ученици од општина Охрид, а на првооделенците,...
Post Views: 2
Охридски комуналец на корисниците кои не го имаат подмирено својот долг кон ова претпријатие им дава уште една шанса. Овој месец ЈП спроведува акција на доброволна наплата на долгот за извршена услуга подигање и транспортирање на комунален смет. Инаку уште од 2003 година ова претпријатие кон сите правни и физички лица кои навреме не го имаат сервисирано долгот за комунална услуга има поднесено тужби кои сега се веќе доспеани и правосилни. Координаторот на заедничките служби Живка Ангелоска појаснува дека поради општата економска криза одлучиле да го пролонгираат рокот...
Post Views: 9
Законот за обезбедување имот и лица дециден,сите ноќни клубови мора да изнајмат Агенција за обезбедување. Ниту една од 7-те охридски легални Агенции за обезбедување не била ангажирана во кабарето „Хавана“ каде пред пет дена се случи немилиот настан при што свирепо беше убиен еден српски турист. Ова за ТВМ го изјавија поголемиот дел од претставниците на агенциите од Охрид, со кои контактиравме денес. Тие велат дека во нивната професионална комуникација разменуваат информации кој со кого соработува и каде врши обезбедување. Ниту во еден разговор не било спомнато дека...
Post Views: 8
Охридската јавност сеуште во шок по убиството на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни. Крвавите тепачки низ охридските локали, како и бројните фатални сообраќајни несреќи по охридските улици, сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот.
Последното свирепо убиство на туристот од Белград, крвничкото претепување на Дејан Новаковиќ, ја прели чашата и отвори многу дилеми. Колку сме сите ние безбедни во...
Post Views: 2
„Урнат, вековно градениот углед на Охрид. Нашиот град повеќе не е еден од најбезбедните туристички центри во светот. Граѓаните на Македонија трпат катастрофални последици од 4 годишното владеење на Груевски и неговата фамилија“. Вака денес обвини првиот човек на Охридските социјалдемократи Наум Јованоски. Оваа реакција следува по немилиот настан во кој настрада српскиот турист. Јованоски целата одговорност околу безбедносната состојба и немилите настани во градот ја префрла на СВР Охрид.Јованоски и во оваа можност не испушти да ги каже бројните пропусти на актуелната...