Локален план за лицата со попреченост

Во рамките на програмата „Градот и попреченоста“ , имплементирана од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, за Охрид подготвен и промовиран Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина Охрид за 2010 – 2013 год.

 |  Татјана Маленкова  | 
lokalen plan
Локален план

lokalen planВо рамките на програмата „Градот и попреченоста“ , имплементирана од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака, за Охрид подготвен и промовиран Локалниот акционен план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во општина Охрид за 2010 – 2013 год. Оваа категорија граѓани задоволни што општина Охрид смогна сили да реши дел од нивните проблеми. Наум Костески вели дека е многу среќен што конечно нивните проблеми околу движњето, здравственото осигурување, вработување, дојдоа на дневен ред.

Овој план настана благодарение на потпишаниот меморандум за соработка на градоначалникот и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака и институциите на локално ниво, кои се соочуваат со потребите и проблемите на лицата со интелектуална попреченост. По еден претставник на овие институции беа дел од работната група кои го изработија стратешкиот документ.

Овој документ во кој се содржани проблемите по приоритетна листа, беше финално креиран преку неколку работилници. Настојувавме овој акционен план да не биде список на желби туку лесно остварлив“, вели Василка Димоска од Републичкиот центар Порака.

На денешната промоција на локалниот акционен план од име на градоначалникот и советот присутните ги поздрави советникот и заменик градоначалник Томислав Тунтев. Тој од се срце на изработувачите на планот им го честита како што рече „Сизифовскиот труд“ и им посака имплементацијата на истиот да биде без пречки.

Инаку општина Охрид е една од трите, односно, покрај нашиот град вакви акциони планови добија уште и Куманово и Виница.
По денешната промоција, сите локални акциони планови за унапредување на лицата со попреченост ќе бидат промовирани во Скопје.
Планот е изработен на иницијатива на републичкиот центар за подршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, подржано од Хендикеп интернешнл за Југоисточна Европа, а финансирано од Амбасадата на САД.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top