Состојбите во Охрид низ призмата на СДСМ

Охридскиот огранок на СДСМ со остри критики кон Владата на Груевски.

 |  Билјана Николовска  | 
Sdsm
Сдсм Охрид

Sdsm„Урнат, вековно градениот углед на Охрид. Нашиот град повеќе не е еден од најбезбедните туристички центри во светот. Граѓаните на Македонија трпат катастрофални последици од 4 годишното владеење на Груевски и неговата фамилија“. Вака денес обвини првиот човек на Охридските социјалдемократи Наум Јованоски. Оваа реакција следува по немилиот настан во кој настрада српскиот турист. Јованоски целата одговорност околу безбедносната состојба и немилите настани во градот ја префрла на СВР Охрид.
Јованоски и во оваа можност не испушти да ги каже бројните пропусти на актуелната Влада и нејзиното недомаќинско трошење на парите од буџетот на Р.Македонија. Но, во моментов, според него, недопусливо е во најголемиот туристички центар во Македонија, во екот на сезоната, еден час да се случува драма во центарот на градот со трагичен епилог, а таму да нема ниту едно овластено лице од СВР. Тој побара разрешување на охридското раководство на секторот за внатрешни работи.
Претседателот на СДСМ од Охрид верува дека после овој настан ќе се отрезнат сите одговорни структури во државава. Тој смета дека мора да се изготви стратегија како да се подобри безбедносната состојба во градов, посебно за време на туристичката сезона, и доколку има потреба да се ангажира и дополнителен кадар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top