Sv Kliment Ohridski

Доделување награда или политичка фарса?

Post Views: 1 Објавен конкурсот за престижната Светиклиментова награда. Иако минатогодишните добитници сеуште чекаат да ги добијат наградите и повелбите, општината во потрага по нови кандидати за највиското општинско признание, наградата „Патрон на градот“ – Св. Климент Охридски. Ќе го добие ли годинава ова признание третманот и вниманието кое го заслужува? Ќе заврши ли во рацете на оние кои по заслуга го добиле или ќе биде само уште еден од купот камења околу кој ќе се сопкаат интересите на политичките партии во градов?Најпрестижната награда која општина Охрид ја доделува за животно...

Continue reading

dijabetes

Компјутерската евиденција стави ред во инсулинската терапија

Post Views: 22 Лицата заболени од дијабетес во моментов се задоволни од снабденоста со инсулинската терапија. Се стави ред по инсулинската криза што беше карактеристична на почетокот од годинава вели Димче Панџак претседател на здружението на охридските дијабетичари. Центарот за дијабетес при Општа болница во јули го реши проблемот со инсулинската терапија. Со компјутерска  евиденција на сите заболени од дијабетес ги одреди поотребните количини за дневна и месечна потреба на пациентите  вели Панџак. Додава дека на овој начин се избегнати гужвите во Центарот и е во многу е олеснета...

Continue reading

smetki

Мал број пријави за добивање субвенции за греење

Post Views: 8 Само 25 корисници на социјална парична помош и постојана социјална помош доставиле фактури со платено греење до Центарот за социјални работи.  Единствено на тој начин може да го остварат правото за субвенционирање на греењето вели директорот на Центарот, Екрем Каљоши. Тој објаснува и зошто се пријавиле толку малку корисници од евидентираните 800. „Тоа се должи на неплатените сметки за потрошена електрична енергија за септември  и октомври, но во наредниот период  се очекува кумулативно поднесување на фактурите и тоа заклучно со  декември. Корисниците на социјална помош...

Continue reading

kuratica

Куратица ќе добие ски-лифт

Post Views: 13 Според последните информации од Месната заедница Куратица, веќе е договорена зделка за набавка на 700 метри долг ски-лифт од Швајцарија и во тек се подготовките за демонтажа на ски-лифтот и транспорт на опремата во селото. Купопродажбата на опремата е веќе договорена, преостанува да се завршат неопходните процедури од техничка природа. Покрај ски-лифтот, за чие поставување во игра се три локации во атарот на Куратица, се планира и набавка на една машина за набивање на снегот – ратрак, како и две машини за производство на вештачки снег, со што би се надминале проблеми...

Continue reading

kaldrma

Калдрмата пред црквата Перивлепта треба да се замени

Post Views: 7 Издерформираната калдрма во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта треба да се замени затоа што го отежнува движењето на посетителите. Со оваа констатација за навистина лошата состојба на платото се согласува  археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Иако во прописите на нивната институција калдрмата е значајна и треба да се чува, Кузман смета дека таа сепак би требало да се замени или обнови со соодветен материјал како што се гранитни коцки или каменот од чаршијата. Заводот изработил проект, но Кузман бара и смета на...

Continue reading

VMRO DPMNE

О.К. на ВМРО-ДПМНЕ со забава ќе го одбележи Денот на револуцијата

Post Views: 7 Охридскиот општинскиот комитет на  Вмро Дпмне вечерва свечено ќе го одбележува националниот празник 23 октомври, Денот на национална борба на македонкиот народ. Како партија со национален предзнак и продолжувачи на традицијата на македонската национална борба ние свечено ќе го одбележиме празникот, вели Атанаско Михаилов, претседателот на општинскиот комитет на Вмро Дпмне. „Ќе им оддадеме почит на сите кои ги дадоа животите во борбата за самостојна, независна и суверена Македонија. Ќе им дадеме почит и на луѓето кои до ден денес се борат за опстојување на македонскиот...

Continue reading

drva

Кражбите на огревно дрво се намалуваат

Post Views: 3 Само 8 крадци на огревно дрво, годинава се откриени во нелегална сеча во рамките на Националниот парк Галичица. Сите кои нелегално сечеле дрва  заработиле  кривични пријави. Оваа бројка споредена со минатата година е помала  за 4 пати. Лани  биле откриени околу  30 –тина диво сечачи нагласува директорот на НП, Зоран Анѓелоски.  Потенцира дека бројот на крадците во рамките на националниот парк е во големо опаѓање. Од година во година  пријавите што се поднесуваат за нелегална сеча на огревно дрво се во помал број објаснува Анѓелоски. Оваа тенденција директорот ја  објаснува...

Continue reading

sednica

Кратко 25-то издание на седницата на градскиот Совет

Post Views: 4 Освен по кусата расправија околу предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за управување со отпад во Југозападниот регион, тешко дека по друго оваа седница ќе остане запаметена. Од најавените триесетина точки по дневниот ред, едвај неколку да беа изгласани. На самиот почеток од седницата советниците кренаа рачна. При утврдување на дневниот ред, советничката група на НСДП, со барање да се изземе предлог одлуката за отпочнување постапка за доделување концесија, за регионално интегрирано управување со отпад во Југозападниот регион. Имено од оваа...

Continue reading

SVR

Илегален влез за незаконски лов

Post Views: 5 Утрово во 6 часот и 30 минути се случи вооружена престрелка, во близина на граничниот премин Св. Наум во Охрид, на македонска територија. Оваа информација ја потврдија и од СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски според првичните информации кои ги имале, кажа дека пукотниците настанале кога македонската полиција при патролирање пресретнала 10 члена група албански државјани. Тој додаде дека имале сознанија за делувањето на илегални групи на територијата на НП „Галичица“ од македонска страна, кои незаконски ловеле дивеч. Димоски потенцира дека утрово биле поставени неколку...

Continue reading

Ohrid

Државното земјиште во Охрид не ќе да е едно евро

Post Views: 3 Не секое градежно земјиште може да се откупи од државата за едно евро. Според најновите измени на законот за градежно земјиште на седницата на Владата на РМ одржана кон крајот на јули годинава, донесена е нова уредба. Таа се однесува на изменување и дополнување на уредбата на начинот и постапката на оттуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп на градежно земјиште сопственост на Р. Македонија, со јавно наддавање, по пат на прибирање понуди и со непосредна спогодба, висината на трошоците на постапката за оттуѓувањето и давањето под закуп, како и висината на...

Continue reading

ludo patuvanje

„Лудото патување“ легално, велат од пазарната

Post Views: 2 „Лудото патување“ кое  на Охриѓани им се нуди за 219 евра е легално, велат од пазарниот инспекторат. Началникот Ѓоко  Бошалевски за Тв М истакна дека ова тело задолжено за контрола на Законот за туристичка дејност по добиената претставка за организирање на туристичко патување, која пристигнала кај нив, веднаш пристапиле кон откривање на околностите под кои се организира ова патување. „Констатиравме дека се работи  за патување на туроператор од Прага – Чешка, кој има склучено договор за патување со туристичка агенција во Македонија. По Законот на Р Македонија ...

Continue reading

Opshta bolnica

Кои болести ги мачат охриѓани?

Post Views: 1 Дијабетисот, кардиваскуларните заболувања, како и карциномите на гастро-интестиналниот тракт, се болестите кои се во најголем подем во нашиов град. Состојбата со експанзијата на дијабетисот во нашава држава е алармантна, па одтука и во нашиов град. Портпаролот на Општата болница од Охрид, Д-р Сашо Василевски вели дека податоците кои се однесуваат на експанзијата на ова современо заболување во нашиов град, не се ни малку оптимистички. Лечењето на дијабетесот во Македонија е бесплатно, но големиот број на заболени претставува терет на здравствениот буџет, бидејќи третман...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top