Куратица ќе добие ски-лифт

Со цел развој на руралниот туризам и поголема искористеност на природните убавини и географската положба, жителите на охридското село Куратица решија да набават ски-лифт и на тој начин да привлечат поголем број туристи.

 |  Маја Савиќ  | 
kuratica
Куратица

Според последните информации од Месната заедница Куратица, веќе е договорена зделка за набавка на 700 метри долг ски-лифт од Швајцарија
и во тек се подготовките за демонтажа на ски-лифтот и транспорт на опремата во селото.

Купопродажбата на опремата е веќе договорена, преостанува да се завршат неопходните процедури од техничка природа.

Покрај ски-лифтот, за чие поставување во игра се три локации во атарот на Куратица, се планира и набавка на една машина за набивање на снегот – ратрак, како и две машини за производство на вештачки снег, со што би се надминале проблеми од евентуален недостиг на снег во текот на зимската сезона.

Развојот на руралниот туризам во Куратица, каде веќе заживува фестивалот под маски ќе придонесе за збогатување на целосната охридска туристичка понуда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top