Мал број пријави за добивање субвенции за греење

Само 25 корисници на социјална парична помош и постојана социјална помош доставиле фактури со платено греење до Центарот за социјални работи.

 |  Валентина Неловска  | 
smetki
сметки

Ekrem KaljoshiСамо 25 корисници на социјална парична помош и постојана социјална помош доставиле фактури со платено греење до Центарот за социјални работи.  
Единствено на тој начин може да го остварат правото за субвенционирање на греењето вели директорот на Центарот, Екрем Каљоши. Тој објаснува и зошто се пријавиле толку малку корисници од евидентираните 800. „Тоа се должи на неплатените сметки за потрошена електрична енергија за септември  и октомври, но во наредниот период  се очекува кумулативно поднесување на фактурите и тоа заклучно со  декември. Корисниците на социјална помош ќе добиваат по 600 денари месечно“.
Генерално оваа проблематика е присутна насекаде во Македонија, корисниците не ги имаат платено сметките за греење за септември и октомври и затоа пријавите на барања се мали. Покрај сметки за платена електрична енергија, корисниците поднесувале барања и со приложени фактури за купено огревно дрво и  масло за греење. Од Центарот  за социјални работи очекуваат да се зголеми бројот на семејствата кои нема да можат да остварат приход за да си го платат греењето. Зимава се очекува бројка од околу 50 –тина нови корисници.
Владата за субвенционирање на греењето има издвоено буџетски пари во висина од 104 милиони и 400.000 денари. Исплата за потрошената електрична енерија ќе се врши месечно, а  фактурите за огревно дрво и останатите енергенси ќе бидат исплатени веднаш.      

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top