Калдрмата пред црквата Перивлепта треба да се замени

Издерформираната калдрма во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта треба да се замени затоа што го отежнува движењето на посетителите.

 |  Валентина Неловска  | 
kaldrma
калдрма

Издерформираната калдрма во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта треба да се замени затоа што го отежнува движењето на посетителите. Со оваа констатација за навистина лошата состојба на платото се согласува  археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман. Иако во прописите на нивната институција калдрмата е значајна и треба да се чува, Кузман смета дека таа сепак би требало да се замени или обнови со соодветен материјал како што се гранитни коцки или каменот од чаршијата.

Заводот изработил проект, но Кузман бара и смета на финансиска подршка од локалната самоуправа и од црквата. Градоначалникот Александар Петрески се согласува дека Перивлепта е една најпосетуваните цркви од страна на туристите и дека платото треба да се уреди. Потсетува дека до Завод и музеј пред неколку години доставиле иницијатива за партерно уредување на дворот од црковниот храм со каменот од чаршијата. Градоначалникот  и сега стои на истиот предлог.

kaldrmaВо разговорот со преставници од Кичевско  Дебарската  епархија истакнаа дека засега немале средба за разговори на оваа тема со останатите институции. Разговорите за замена  на калдрмата биле ставени во мирување пред неколку години. Од Епархијата имало разговори со директорот на Управата, Паско Кузман и со охридскиот градоначалник  околу заменување на плочникот пред сакралниот објект. Тогаш било заклучено да се искористи каменот од чаршијата, но од кога ќе се завршат градежните работи околу заштитата на фрескоживописот на Св. Богородица Перивлепта.

За потсетување околу сакралниот објект, во тек се зафати за спречување на влагата која го напаѓа фрескоживописот. Останува само да видиме како ќе течат понатака работите и дали по завршување на градежните работи надлежните од трите  институции ќе се состанат  да ги усогласат барањата за замена на калдрмата.

{loadposition content9}

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top