EVN

Бран поскапувања ја зафати Македонија

Post Views: 1 Низа поскапувања во Македнија. Нафтените деривати, маслото, лебот, шеќерот, овошјето, зеленчукот и сите останати прехранбените производи веќе се продаваат по нова повисока цена. Дури и цената на какаото на светски стокови берзи вчера порасна за околу 19 долари што претставува највисоко ниво во последниве 32 години. Сепак најголем револт кај граѓаните предизвика новата цена на струјата. Регулаторната комисија за енергетика цени дека новата цена на електричната енергија треба да биде повисока за 5,48 отсто. Оваа одлука беше донесена на подготвителната седница, пред два...

Continue reading

petre bista

Голготата на еден револуционер

Post Views: 5 Луѓето најчесто не се случајни минувачи низ животот. Некој белег оставаат сега, а некој тоа го направиле во минатото. Еден од нив е охридскиот адвокат, македонскиот револицинер со напредни идеи Петре Пирузе Мајски. Во семејството на Сотир и Хрисанта Пирузе, во 1907 година, е роден македонскиот револуционер Петре Пирузе Мајски. Во родниот град ги поминува детските и младешките години, завршувајќи основно училиште и гимназија. Во 1926 година умира татко му и во семејството настапуваат тешки денови на економски план. Неговиот стрико само со една плата го издржувал...

Continue reading

srednoshkolci

Младите во училиштата стануваат се поагресивни

Post Views: 0 Агресивноста на тинејџерите се повеќе доаѓа до израз. Сведоци сме на зачестените насилни сцени во училиштата низ земјава. Притиснати од социјалните прилики, младите се повеќе проблемите ги решаваат со насилство. Прашањето е, каде да се бара одговорноста? Сцени како во холивудските филмови, малолетни деца физички се пресметуваат со свои врсници, а не ретко во пресметките се употребува и ладно оружје. Најсвежи примери се инцидентите кои се случија во границите на двете средни училишта „Браќа Миладиновци“ во Драчево и „Коле Неделкоски“ во Велес каде со нож беа прободени...

Continue reading

Biblioteka

Фрчат огласи за вработувања во културата

Post Views: 0 Неколку градски институции од областа на културата објавија конкурс за нови вработувања, а некои пак чекаат да се решат назначувањата по нивното истекување. Така националната установа библиотеката „Григор Прличев“ има распишано оглас за три нови вработувања. Библиотеката објави оглас за поплнување на три позиции книговезец, хаус мајстор и еден библиотекар за издавање книги. Иако нејзиниот директор Тоде Илиески при неодамнешното гостување на ТВМ изјави дека библиотеката мака мачи со просторниотпроблем од 270 метри квадратни, и според сегашните стандарди  со 10-те  вработени...

Continue reading

zels

Легализација на дивоградбите, добра или лоша работа?

Post Views: 1 Градоначалниците на педесет и осум општини од Македонија како и нивната општинската администрација, денес и утре ќе зборуваат за имплементацијата на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи. Финално решение на проблемите со урбаниот хаос во Македонија. Со овие зборови, Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски го објасни предлог Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој неодамна стапи на сила. Јанакиевски додаде дека овој закон претставува одлична основа за добро урбанистичко планирање во иднина.  На прашање...

Continue reading

sudenje

Продолжeние на судењето за смртта на српскиот турист Новаковиќ

Post Views: 18 На денешното рочиште беа сослушани Ѓоко Наумоски, кој се терети за кривично дело помагање сторител во извршување кривично дело и оштетениот Горан Периќ. Бурна реакција кај адвокатите од одбраната предизвика кратката изјава на сопругата на починатиот, Сандра Новаковиќ. Со задоцнување од речиси еден час започна новото рочиште од судскиот спор за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ. На денешото рочиште прв пред судот зборуваше обвинетиот Ѓоко Наумоски, кој се терети за кривично дело, помагање сторител во извршување кривично дело. Наумовски пред судот се бранеше...

Continue reading

metadon

Алтернатива за независност од хероин – метадон

Post Views: 5 Метадонската терапија се зема на државна чешма. Оваа терапија всушност претставува институционално дрогирање на наркоманите, како би се заштитило општеството од нивното криминално однесување. Во дневниот центар во Охрид се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користење на дрога. Има многу причини и факти поради кои децата посегнуваат  по дрога, вели Горан Поп Марков, социјален работник во центарот за зависници од Охрид. Тој додава дека зависноста и проблемите во семејството, воспитната запуштеност во семејството,...

Continue reading

sovet

Каде се паушалите за советниците?

Post Views: 0 Доцнат исплатите на паушалите за советниците. Извор за ТВМ обвинува дека додека локалците покрај платата, пред Нова Година си  поделиле и К 15, за разлика од советниците, кои останаа без паушалите за сработеното.  Досега два, за некој ден и три паушали, треба да им бидат исплатени на охридските избраници. Кординаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, проблемот не го гледа само во неисплаќањето на надместокот за сработеното, туку и како што вели, во слабите проценки на локалната за приходите и расходите. „ Исплатата  поточно неисплатата на паушалите не е проблем...

Continue reading

osiguruvanje

И бесценетите икони имаат цена

Post Views: 3 Највредните икони ни ги крадат пред нос, а се седи со скрстени раце. Дури откако ќе бидат украдени, бесценетите икони добиваат цена. Дали поради платонската љубов кон културното наследство, не успеваме да го заштитиме од злонамерните? Ако продолжи како што тргнало, набрзо ниту една икона не ќе остане во црквите. Крадците на икони во божјиот дом си влегуваат како дома и го одземаат највредното. Пред да се случи нешто вакво, велиме дека нашите историски икони се бесценети, а кога ќе ги украдат, одеднаш излегува некоја паушална цифра. Паушална можеби за обичниот човек,...

Continue reading

Stefan

Црна статистика

Post Views: 6 Црна статистика на нарко зависници за 2010, а годинава уште поцрна. Во Охрид светлата бројка на нарко зависници регистрирани минатата година изнесува 338, додека пак оваа година во рапиден пораст.  Доцна синоќа по претходно издаден писмен судски налог, извршен е претрес во домот на Б.Т. (23) години, познат нарко зависник од Охрид, каде била пронајдена извесна количина на хероин. Тука бил затекнат и Д.Г (22) од Охрид. Покрај хероинот во неговиот дом биле пронајдени повеќе мобилни телефони, современ  фото апарат, рачни радио станици, сигнален пиштол, поголема количина...

Continue reading

protest

Египќаните протестираа…

Post Views: 1 „И ние сме дел од Р Македонија“, „Вклучете не во јавниот живот“, „Попис ДА, дискриминација НЕ“, се дел од пораките преку кои египќаните го искажаа својот револт против политичкиот и правниот систем во државава. Денеска за прв пат во независна Македонија египќаните јавно го кренаа својот глас против, како што велат дискриминација која се врши врз нив во државава. Учесниците во протесниот марш најпрво во канцелариите на Охридските народните пратеници доставија барање за да превземат марки за заштита на заедниците. „Сметаме дека трба да има промена во политичкиот и правниот...

Continue reading

nevladini organizacii

Што НАВИСТИНА работат граѓанските организации?

Post Views: 5 Помошни инструменти на политичките партии за остварување на своите цели или огромни перални на странски капитал? Или пак органи на едно современо општество кои навистина ја оправдуваат целта на своето функционирање. Како и да е, во време на евентуално предизборије, итоакако ќе си го најдат своето место и функција во општеството. За среќа бројот на организации кои се занимаваат со т.н. висока политика и кои го консумираат – овој пат, за жал – најголемиот медиумски интерес за свиоте активности, е неспоредливо помал во однос на оние организации кои им се посветени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top