И бесценетите икони имаат цена

Највредните икони ни ги крадат пред нос, а се седи со скрстени раце. Дури откако ќе бидат украдени, бесценетите икони добиваат цена.

 |  Мишел Наумоски  | 
osiguruvanje
осигурување

Највредните икони ни ги крадат пред нос, а се седи со скрстени раце. Дури откако ќе бидат украдени, бесценетите икони добиваат цена. Дали поради платонската љубов кон културното наследство, не успеваме да го заштитиме од злонамерните?

KorunoskiАко продолжи како што тргнало, набрзо ниту една икона не ќе остане во црквите. Крадците на икони во божјиот дом си влегуваат како дома и го одземаат највредното. Пред да се случи нешто вакво, велиме дека нашите историски икони се бесценети, а кога ќе ги украдат, одеднаш излегува некоја паушална цифра.

Паушална можеби за обичниот човек, но не и за оние чија професија се занимава токму со ова прашање. Покрај духовната, иконите си имаат и материјална вредност, која никако не успеваме да ја вратиме, а најобичното имотно осигурување би го сторило токму тоа. Се наметнува прашањето зошто постои толку мала заинтересираност за ваквата заштита на културното наследство.

„Јасно е дека е тоа еден специфичен процес. Се работи за големи суми и затоа најчесто не се впуштаат во такви анализи и пресметки одговорните. Ама од тоа штета трпат предметите кои се цел на кражба и на отуѓување. Во таа „културна економија“ се вели дека цената, реалната цена на еден артефакт е онолку колку што губиме кога ќе ја немаме.“-рече Деканот на ФТУ, Проф.д-р Сашо Коруноски

Во светски рамки веќе одамна постои пракса на осигурување на културното наследство, но во нашата земја тоа претставува голем проблем. Академските кадри од оваа област подолго време се обидуваат да ја решат ваквата ситуација. Во моментов, изгледа дека работите можат да тргнат од мртва точка.

„Токму заради разбирањето на нашите колеги, посебно на Проф.д-р Климе Попоски кој што е директор на Агенцијата за супервизија во осигурувањето, стартуваме пролетва со проект токму за осигурување на културното наследство. Во тој проект ќе бидат опфатени сите релевантни институции и на тој начин ќе се изврши една обука и покажување како тоа треба да се прави, како тоа го прават другите, за конечно влезе тој систем на осигурување.“-додаде Деканот.

Сите експерти се сложуваат дека утврдувањето на цената на културното богатство е комплициран процес, но не и невозможен. „Таа културна економија која е веќе развиена во светски рамки, се состои во утврдување на економска цена на она што содржи културна цена. Сите елементи на крајот треба да имаат ист именител, односно цена која ќе се употреби во полисата за осигурување.“-рече Проф.д-р Сашо Коруноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top