hamam

Некогашниот Амам бил уметнички изработена сауна

Post Views: 33 Во охридската Чаршија на просторот од денешниот трговски центар Амам во минатото била изградена  турска бања. Според записите амамот бил изграден во периодот помеѓу  17 и 18 век. Во  периодот од 19-ти век од десната страна на амамот се наоѓал анот на Шери-бег. Покрај собите за спиење  имало и  афчилница или кажано со денешниот современ речник  ресторан каде што се подготвувале турски јадење.  Од лево пак, била терзиската работилница на Тупаре, Нане и Трене кои изработувале народни носии. Амамот имал две големи дрвени порти од една се влегувало, а од другата се излегувало....

Continue reading

nurkaci

Финално чистење на езеро од неексплодирани убојни средства

Post Views: 2 Продолжува проектот за чистење на Охридското езеро од неексплодирани убојни средства. Акцијата која ќе се спроведува околу 30 дена, е продолжение на минатогодишната со која од  водите на Охридското езеро беа извадени над 7 тони неексплодирани убојни средства, од балканските војни поточно од првата и втората светска војна. „И годинава по налог на Владата на Р Македонија ќе се изврши целосно прочистување на езерото од овие неексплодирани убојни средства. Минатата година беа извадени околу 7,3 тони нееексплодирани средства кои се отстранети околу езерската полиција, пештани,...

Continue reading

patiki

Нема храна за социјалците но барем има марка патики

Post Views: 0 Корисниците на социјална помош од нашиот град ќе ги облечат во „марка“ роба запленета од надлежните органи. Иако поголемиот број од социјално загрозените семејства едвај се прехрануваат, барем ќе бидат добро облечени пролетва. Меѓу другото, во донацијата можеше да се забележат „Гучи“ кондури, „Рибок“ патики и друга корисна роба за социјалците. Од Центарот за социјални грижи во Охрид задоволни од донацијата. „Во соработка со Владата, примена е оваа помош која во наредниот период очекуваме да и се подели на целната група, а тоа се корисниците на социјална парична помош....

Continue reading

vmro-dpmne

Претставен дел од акциониот план на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 8 „Сакаме да бидеме секогаш блиску до народот, тоа е и во склад со демохристијанската определба на партијата“, изјави на денешната пресс конференција претседателот на Унијата на жени на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска. Од Унијата информираа за некои од активностите кои наскоро треба да бидат реализирани како дел од акциониот план на Унијата на жени. Станува збор за организирање тирбини, хуманитарни акции и други активности. Така на 20- ти март,  во пресрет на Денот на пролетта, на потегот Грашница – Младост, со почеток во 12 часот, ќе се одржи еколошка акција...

Continue reading

priznanija

Крв, да благодарам!

Post Views: 1 Танче Трајчески е наш хуман сограѓанин кој досега 50 пати  дарувал крв. Носител е на крвната крупа А позитив  и е среќен  што со својата несебична дарежливост е дел од големото крводарително семејство.  Хуманоста ја пренесол и на своите најблиски.Неговиот син и ќерка веќе по пет пати  дарувале крв следејќи гипостапките на својот хунам татко. И Борис Стојаноски од Горно Лакочереј е дел од хуманото семејство на охридските крводарители. Тој досега 32 пати подарил од својата скапоцена течност. Се гордее што повеќе пати се одзвал на повик каде што итно била потребна неговата...

Continue reading

NU Gligor Prlicev

Охридската театарска уметност процветува оваа пролет

Post Views: 6 Се чини дека тргнува возот на креативноста. Работите се поместија од мртва точка.  Мотивирани од добивањето на статус на професионален театар, нови сили ќе влегуваат во театарските води. Центарот за култура „Григор Прличев“ објави конкурс за примање на нови членови во младинскиот театарски состав. Ова е отворен конкурс на којшто единствено ограничување е старосната граница. „Се работи за младинската сцена или подобро познатото Детско драмско студио кое што покрај професионалниот театар кој што ќе почне да работи, активно ќе работи и таа аматерска сцена. Огласот започнува...

Continue reading

memorandum

„Ние сме слуги на студентите“

Post Views: 14 Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање. „Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички...

Continue reading

zarko

Вистината на виделина

Post Views: 6 „Бистрината на умот ми ја дава вевчанската вода. После 18 месечна битка вистината исплива на површина“. Со овие зборови се обрати разрешениот директор на вевчанското училиште „Страшо Пинџур“, Жарко Лешоски. Тој деновиве ја добил битката против, според него, организираната хајка на  градоначалникот на Вевчани Перо Илиески и неговите партиски послушници. Имено, Илиески пред година и пол незаконски го разрешил Лешоски, поради повреда на законот за основно образование со нанесување на штета на ученици и деца. Управниот суд го утврдил спротивното. Лешоски кажува оти повеќе...

Continue reading

crven krst

66 години црвен крст во Македонија

Post Views: 23 66 години крводарителски акции, 66 години хуманост. Македонската организација на црвениот крст, која е дел од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, прославува за својата успешна работа. Централната свеченост се одржа во Скопје, каде на најдобрите организатори на крводарителски акции им беа доделени  благодарници. Една од поуспешните општински организации е и Охридската. Во изминативе 7 – 8 години сме меѓу првите 3 -4 општински организации, не само по бројот на собрани крвни едининици, туку и по процентот на надминување на планот. Минатата...

Continue reading

zelencuk

Најпосле производство на здрава храна

Post Views: 2 Југозападниот плански регион има идеални услови за производство на млечни и земјоделски производи. Идeјата на екологистите за производство на здрава органска храна, ја подржуваат и потпомогнуваат експертите. Центарот за развој на Југозападен плански регион досега има реализирано неколку проекти во кои ги вклучува 13 те општини преку кои ги обучуваат земјоделците и млекипроизводителите за производство на здрава органска храна, и тип на стандарди кои се потребни за производите да може да се извезуваат надвор од Македонија. „ Посебно обративме внимание на нивното едуцирање...

Continue reading

Plaoshnik

Охриѓани „ЗА“,Општина Охрид да биде ко -инвеститор во проектот на Плаошник

Post Views: 11 За Предлог одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште, за изградба на административниот објект, Свети Климентов Универзитет на Плаошник, охриѓани велат дека е добра идеја. Нашите сограѓани додаваат дека на тој начин парите од граѓаните, повторно ќе бидат употребени за нивно добро. На последната седница на Советот на Општина Охрид, советничката група на ВМРО ДПМНЕ преку Координаторот на групата, Дејан Пановски, побара да се стави на дневен ред оваа предлог одлука. Имено предлогот всушност претставува можност, Општината да учествува во изградбата...

Continue reading

sektor za ekologija

Расчистување на канали

Post Views: 1 Крајно несредениот и запуштен потег од бул. „Туристичка“, кај спортската сала, до каналот кај Биљанини извори, дојде на ред да се среди. Согласно годишната програма на Локалната, ова е најновата активност која деновиве ја презема Секторот за екологија, во изведба на ЈП „Охридски Комуналец“. Сашо Котели од Секторот за екологија вели дека добро е јавноста и претставниците на еколошките друштва да слушнат за нивната иницијатива. Котели убедува дека работите кои ќе се изведуваат на планираниот потег ќе бидат строго земјeни. Но, тој со точност не можеше да прецизира какви...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top