Претставен дел од акциониот план на Унијата на жени при ВМРО-ДПМНЕ

Организирањето на трибини, односно дирекната комуникација со граѓаните, ќе бидат начините преку кои ќе се обработат голем број проблематики од секојдневното живеење на граѓаните.

 |  Крсте Голабоски  | 
vmro-dpmne
ВМРО-ДПМНЕ

vmro-dpmne„Сакаме да бидеме секогаш блиску до народот, тоа е и во склад со демохристијанската определба на партијата“, изјави на денешната пресс конференција претседателот на Унијата на жени на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска. Од Унијата информираа за некои од активностите кои наскоро треба да бидат реализирани како дел од акциониот план на Унијата на жени. Станува збор за организирање тирбини, хуманитарни акции и други активности.

Така на 20- ти март,  во пресрет на Денот на пролетта, на потегот Грашница – Младост, со почеток во 12 часот, ќе се одржи еколошка акција . Истата ќе започне од хотел  Магнус, а можност  да земат учество во чистењето на езерскиот брег на овој потег, ќе имаат сите граѓани. Следниот ден, на 21- ви март, во 19 часот во Центарот за култура “Григор Прличев”, ќе се одржи трибина на тема “Квалитетно образование во согласност со современите текови и методи”. Предвачи на трибината ќе бидат проф. Д- р Цветко Андреевски – продекан на Факултетот за туризам и угостителство, проф. Никола Тренески и проф. Јане Цаневски. Но тоа е само дел од активностите кои следат во периодот кој е пред нас, велат од Унијата.

„Како голема партија и како партија која е на власт, можеме и мораме да ги анимираме граѓаните, самите да учествуваат во подобрувањето на квалитетот на нивниот живот“ изјавија од Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top