Не е точно дека вакцините од некои серии предизвикуваат поголема смртност отколку други серии

Post Views: 18 Ограничувањата на ВАЕРС системот се тоа што нема невакцинирана група за споредба, не може да искалкулира колку често несаканите ефекти се случуваат, и генерално не може да утврди дали вакцината го предизвикала несаканиот ефект. Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека вакцините против ковид-19 се „отровни“. Ваквиот заклучок, авторката на објавата го темели на системот за пријавување несакани ефекти од вакцините во САД, ВАЕРС, каде што буквално секој може да пријави несакан ефект, вклучително и смрт, без притоа да има доказ за причинско-последична...

Continue reading

Недостиг на готвачи и шефови на кујна во охридско-струшкиот регион

Post Views: 6 Готвачи и шефови на кујна се најдефицитарен кадар во охридско-струшкиот регион. Пандемијата, затворањето и рестрикциите дополнително го продлабочија проблемот. Готварството во светот е ценета и добро платена професија, но во земјава сеуште го нема заслуженото место, па затоа и не ги привлекува младите. Голем дел од овој стручен кадар во потрага по подобар живот заминаа во странство. Како што почна кризата се поголем и поголем е тој недостаток има доста наши колеги кои не можеа да го издржат овј притисок и преминаа во други области некои заминаа надвор – вели Влатко...

Continue reading

Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе

Post Views: 3 Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација...

Continue reading

Силен земјотрес во Медитеранот

Post Views: 0 Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Според геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос. Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Според европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема информации за повредени лица или евентуална штета. Погледнете го видеото на следниот линк

Continue reading

Модуларна болница Охрид

256 новозаразени, 31 починат од Ковид-19 во земјава

Post Views: 3 Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на ковид19. Од нив во Скопје – 160 и во Куманово – 32, а во неколку други градови има по едноцифрена бројка новозаразени. Пријавени се 31 починато лице: девет од Скопје, шест од Гостивар, по три лица од Тетово, Куманово и Струмица, две од Кичево и по едно од Битола, Велес, Гевгелија, Дебар и Македонски Брод. Најмладиот починат е на 18 години од Гевгелија, а меѓу починатите има и на 38, 46 и 49 годишна возраст. Од пријавените 27 се починати...

Continue reading

Се полнат ковид одделенијата во струшко

Post Views: 0 Расте бројот на заболени од корона вирусот во струшко. Ковид одделенијата на Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски” во Вевчани и Лабуништа повторно се активирани. Се лекуваат 120 пациенти, се делат по стотина терапии дневно. Покритично е во селата со мал опфат на вакцинација. Во Вевчани има само неколку активни случаи, а опфатот на вакцинација е над 70%. Бројот на заболени е поизразен во Велешта и Лабуништа, очигледно дека причина се свадбите и прославите кои се одржуваа во периодот на доаѓањето на иселениците во странство. Додека овде конкретно во Вевчани...

Continue reading

8 трофеи, 14 златни и 33 сребрени медаљи за охридските Бреинобреин генијалци

Post Views: 10 Одлични резултати на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29-ти јануари 2022 година. Во конкуренција од 23 илјади учесници од 72 земји, учениците од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи. И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната...

Continue reading

Продолжните кабли се почеста причина за пожар

Post Views: 5 Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале приближно ист број интервенции на пожари споредено со истиот период од минатата година. Изгаснале 21 пожар во првите дваесет дена, од кои единаесет биле на опожарени оџаци, а во десет наврати реализирале технички интервенции, информира Борко Јанкулоски, командир на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Покрај неичистените оџаци, потенцијална опасност за пожар се почесто стануваат продолжните кабли со несоодветна јачина, предупредуваат пожарникарите. Во зимскиот период најчести причини за појава...

Continue reading

Ковид пациентите од модуларната болница во Охрид се преселија на Инфективното одделение

Post Views: 11 Ковид пациентите од модуларната болница се преселија повторно на Инфективното одделение. Петнаесеттина пациенти инфицирани од вирусот, од кои 11 се на кислородна поддршка, се лекуваат на ова одделение. Д-р Горан Балески, директорот на охридската Општа болница информира дека има две причини за преместување на болните, една е појава на кондензација на вода во внатрешноста на модуларнта, а втората е намалување на бројот на пациенти кои се на болничко лекување од ковид 19. Имаме по 10 до 15 прегледи во текот на 24 часа и одлучено е да се префрлат пациентите на инфективно....

Continue reading

Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

Post Views: 3 Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент немал хронични болести, но имал 80 години. Се работи за постари лица кои најчесто биле со кардиолошки и белодробни заболувања, дијабет и малигни заболувања. Фејсбук објавата којашто е предмет...

Continue reading

НАСА планира да изгради Интернет мрежа на Месечината

Post Views: 1 НАСА ја разгледува можноста за изградба на лунарна Интернет мрежа. Целта е да се одговори на недостатокот на пристап до Интернет во некои делови на САД и да се помогне на идните мисии на Артемида. Оваа информација е објавена во новата студија на вселенската агенција, цитирана од Business Insider. Програмата Артемида беше воведена минатата година и има за цел да ги спушти луѓето на Месечината. Планот за негова имплементација ја вклучува првата мисија без екипаж околу Земјиниот сателит во 2021 година, проследена со лет со екипаж во 2023 година и слетување во 2024 година. Како...

Continue reading

Владата прогласи тридневна жалост, странски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот

Post Views: 4 Владата на денешната итна и вонредна седница прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид-центарот во Тетово, а ја прифати и понудата од сојузничките земји во истрагата за пожарот да се вклучат странски експерти за истраги при експлозии и пожари, соопштија од владината прес-служба. Денови на жалост ќе траат од денеска до задутре (четврток, петок и сабота), што значи дека онаму каде што е истакнато државното знаме, тоа ќе биде на половина копје. Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top