Post Views: 0
Отворено ново поглавје во руско – македонските односи. Посетата на Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на Охрид, уште една потврда дека и онака добрите економско –политички односи, се продлабочуваат. Првиот човек на македонското министерство за надворешни работи Антонио Милошоски, за денешната посета на високиот руски дипломат, рече дека има и современ и историски симболизам бидејќе се случува на денот кога се одбележува јубилеј, 150 годишнина од првото руско дипломатско присуство на територијата на Р. Македонија. Милошоски рускиот колега...
Post Views: 8
Откако општината на 23 Март објави јавен повик за финансирање на проекти од областа на туризмот и локалниот економски развој, приватните станоиздавачи пројавиле најголем интерес за општинските средства. Покрај финансиската помош од општината, за најголем бенефит од ваквите активности, од секторот за туризам и локален економски развој го сметаат практичното искуство кое ќе го стекнат апликантите при изработката на ваквите проекти. На денешната консултативна средба се разговараше за условите за аплицирање.
„Оваа средба беше со цел да се поедностават или разјаснат процедурите...
Post Views: 1
Програмите за поставуње урбана опрема, кои ги носи Советот на општина Охрид, не ветуваат многу. Пример за ова е и денешниот настан, кога во градскиот парк почна поставувањето на детските реквизити за забава. И покрај апелот кој пред еден месец Градоначалникот Александар Петрески го испрати преку нашиот медиум велејќи дека нема да толерира никакви ургенции, сепак првиот човек на градот, заборави да спомне дека договорите кои закупците си ги имаат потпишано со Општината, се важечки. Така, програма или не ,денес во градскиот парк во близина на градската чешма, почна поставувањето...
Post Views: 1
Неколку недели по завршувањето на градежните работи на дел од тротоарот на Буелевар Туристичка, просторот е оставен недовршен. Тротоарот е раскопан и прекриен со прашина и им смета на пешаците. Од општинскиот инспекторат нагласуваат дека инвеститорот по завршувањето на работите има обрска во одреден рок да го врати тротоарот во првобитна положба. Крајниот рок бил до 30 март, но се доцни со афлатирањето. „ Доколку инвеститорот не ја исполни својата законска обврска може да заработи казна од 2000 евра, истакнува Танас Танаскоски од општинскиот инспекторат“.
На потег...
Post Views: 5
Заврши последната фаза од акцијата со која се чистеше езерото од неексплодирани убојни средства. „Акцијата траеше 35 дене и сметам дека истата ја завршивме максимално успешно“, вели директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.
При чистењето на езерото од неексплодирани убојни средства извадени се околу 8,6 неексплодирани убојни средства од прва и втора светска војна.
„ Вкупно од првата и втората акција беа извадени 15, 9 тони неексплодирани убојни средства. Ова што го направивме е извонредна акција која е добра за Охрид, Македонија и пошироко, затоа...
Post Views: 0
Во реакцијата на ОИШ на ВМРО ДПМНЕ стои:
Многупати од наша страна сме укажале на инвестициите на ВМРО ДПМНЕ што ги има во здравството, а и во здравствените институции во Охрид. Сетете се сепак, на што личеше здравството кога го раководеше СДСМ. Бидејќи корумпираноста, провизиите, становите, полните сметки, се специјалност на луѓето од СДСМ и нивниот Градоначалник, ги повикуваме, тие прашања да си ги постават сами на себе. Јавете се повторно на Пресс и во јавноста кажете што сте направиле како СДСМ во Охрид. Секако, во направеното однапред ви ги признаваме: урбаната...
Post Views: 6
Здравството во Охрид пропаѓа. Болницата „Св. Еразмо“, нова мета за уништување. Овие обвинувања ги изнесоа денес охридските социјалдемократи. Тие излегоа со ретроспектива, на се она што според нив им се случува на здравствените установи во општината. При тоа, портпаролот Љупка Иваноска, потсети на тоа, кој е според нив виновникот за пропаѓањето на Специјалната детска болница.
„Во август месец 2007 година,Владата на Никола Груевски ја затвори Специјалната детска болница во Охрид, која беше единствена од ваков вид во Македонија и во која се лекуваа деца не само од нашата,туку...
Post Views: 31
Која е причината за најголемата бродска несреќа во Македонија? Дали станува збор за човечки или за технички фактор? Дали на одговорност за оваа несреќа се повикани сите релевантни инстиуции и дали товарот на вината може да се препише само на едно лице? Денес, пред основниот суд во Охрид, се направи обид да се одговори само на дел од овие прашања, додека за останатите, ќе треба да почекаме.
Денес во Основниот суд во Охрид, продолжи доказната постапка, за случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, со распит на сведокот Љупчо Поп – Стефанија, како и професорите...
Post Views: 2
Македонското битисување и македонизмот презентирани не како историја на античките македонци, туку единствено како македонска историја без никакви додавки. „Антигона-Неготино“ на Ангелина Маркус и „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски ни даваат еден поинаков увид врз сопствената историја.
Ангелина Маркус се јавува како рецензент на второто дело кое денес беше промовирано во Центарот за култура, „Митологијата на Македонците“ на Ристо Попоски. Во книгата се прикажува една поинаква слика за приказните од митологијата кои носат или римски или грчки имиња, но се...
Post Views: 3
Нема крај за бедата и тешкиот живот на семејството Митреви од Охрид. Нивните подадени раце кон институциите им останаа празни. Тешката сиромаштија, 5 членото семејство го донесе на работ на егзистенција. Тие живеат крпен живот и едвај врзуваат крај со крај. Но во нив сеуште тлее трошка надеж, дека сепак општината ќе им излезе во пресрет. Александар Митрев вели оти и тој е дел од општествениот живот на градот и дека можеби за себе не успеал, но, сака нешто да направи за неговите деца. Затоа, преку нашиот медиум праќа порака до градоначалникот, да му дадат шанса за да...
Post Views: 1
Во тесниот круг за избор на локација за новото мини издание на Лас Вегас на Стариот континент биле крајбрежјето на Охридското езеро во Македонија, Солун во Грција, Будва во Црна Гора, одредени локации во Албанија и Дубровник, Задар и Истра во Хрватска. Било одлучено новиот “светлечки“ град, за кој плановите се да се простира на околу 70 хектари површина, сепак да биде изграден во Хрватска.
Желбата на американскиот инвеститор Мајкл Џенкинс е да вложи 1,5 милијарди долари и да го надгради хрватскиот туризам со многу забава. Тој најавил дека со овој проект ќе бидат отворени...
Post Views: 9
ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ.
„ Главна определба на ВМРО НП е овие избори да бидат пред се фер и демократски. ВМРО НП ќе води позитивна кампања со што на електоратот ќе му се пласираат факти и реални споредбени показатели кои суштински ќе влијаат врз формирање на мнението, а показатели кај избирачите кои ќе бидат носители на финалниот производ односно директни креатори на идната власт. Вклучувањето...