ВМРО НП го претстави својот Општински изборен штаб

ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ.

 |  Татјана Маленкова  | 
pres vmro-np
прес вмро-нп

ВМРО НП е во целост структуирана и организационо подготвена за предвремени парламентарни избори. ОК на ВМРО НП се трансформира во ОИШ“, истакна на денешната пресс конференција Мирјана Крлеска, портпарол на ОИШ.

„ Главна определба на ВМРО НП е овие избори да бидат пред се фер и демократски. ВМРО НП ќе води позитивна кампања со што на електоратот ќе му се пласираат факти и реални споредбени показатели кои суштински ќе влијаат врз формирање на мнението, а показатели кај избирачите кои ќе бидат носители на финалниот производ односно директни креатори на идната власт. Вклучувањето на лидерот на партијата Љубчо Георгиевкси ќе биде битен белег на овие избори“, истакна портпарол ОИШ Мирјана Крлеска.

Претседателот на ОИШ Јоне Станкоски напомена повеќе проекти кои оставиле белег, а биле направени во времето кога НП беше на власт. Како поголеми капитални проекти Станкоски ги истакна манастирот на Плаошник, патот Охрид-Св.Стефан, булевар туристичка, Антички театар, Самоилова тврдина, реновирани основни и средни училишта, изградена водоводна мрежа со инвестиции од владата во вредност од 30 милиони евра. Ова се само дел од инвестициите, рече Станкоски и додаде дека има уште многу други инвестиции кои беа во други свери на економското живеење.

„Како што знаете Вмро-Нп месеци наназад интезивно се подготвува за овие предвремени избори,така што партијата спремна ги дочекува овие предвремени избори“, истакна претседателот на ОИШ Јоне Станкоски.

„ ВМРО НП,на овие избори ќе води позитивна кампања, не кампаѓа со плуќање и омаловажување на политичкиот противник. Ќе понудиме конкретно решение за излез од бездната во која се наоѓа во моментов Р Македонија, за излез од внатрешната и надворешната изолираност на државата“, истакна претседател на ОИШ, истакна Јоне Станкоски.

vmro-np presНа денешната пресс конференција се обрати и шефот на регионалниот изборен штаб на 5 тата изборна единица  г-от Ванчо Костовски, кој новинарите ги информираше за активностите на регионалниот изборен штаб.

„Како политичка партија кажавме дека нема постојано да излегуваме на пресс конференции од типот да се клеветиме едни со други, ние како партија ќе се занимаваме само со оние теми кои се значајни само за граѓаните на општина Охрид и Р Македнонија. Како политичка партија сме добро рангирани и тука но и ширум Македонија“,истакна Костоски.

Костоски додаде дека ВМРО НП во изборната кампања посебно внимание ќе посветат на драстичното намалување на казнената политика во Р Македонија, бидејки според нив казните не се сразмерни спрема стандардот кој го имаат граѓаните, додаде шефот на регионалниот изборен штаб на 5 тата изборна. Според него едно од поважните прашања за да дојде до брз развој на економијата во земјава е брз влез на Македонија во НАТО и ЕУ.

Од ОИШ уште доадоа дека целна група на ВМРО НП на престојните избори  покрај членовите и симпатизерите на ВМРО НП  се и се поголем број на разочарани членови на ВМРО ДПМНЕ (старото членство), но и целиот македонски народ без оглед на националноста на која припаѓаат.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top