„Сетете се на што личеше здравството кога го раководеше СДСМ“

Пресовите и соопштенијата на СДСМ од Охрид се веќе досадни, прочитани и безвлијателни и веќе не заслужуваат коментар-стои во реакцијата на ОИШ на ВМРО-ДПМНЕ.

 |   | 
vmro-dpmne
ВМРО-ДПМНЕ

Во реакцијата на ОИШ на ВМРО ДПМНЕ стои:

VMRO-DPMNEМногупати од наша страна сме укажале на инвестициите на ВМРО ДПМНЕ што ги има во здравството, а и во здравствените институции во Охрид. Сетете се сепак, на што личеше здравството кога го раководеше СДСМ. Бидејќи корумпираноста, провизиите, становите, полните сметки, се специјалност на луѓето од СДСМ и нивниот Градоначалник, ги повикуваме, тие прашања да си ги постават сами на себе. Јавете се повторно на Пресс и во јавноста кажете што сте направиле како СДСМ во Охрид. Секако, во направеното однапред ви ги признаваме: урбаната деградација, многубројните лични станови во новите згради, пропаѓањето на јавните општински претпријатија, злоупотреба на парите на граѓаните на Охрид од општинскиот буџет, енормно богатење на членови на СДСМ од Охрид, вработување на роднините, еден куп кривични пријави кои послушници на СДСМ сеуште ги држат во фиоките.

Затоа, СДСМ како партија,  ниту некогаш го победила ВМРО ДПМНЕ во Охрид, ниту некогаш ќе го победи. На 5ти Јуни 2011 ќе бидат поразени и делегитимирани и СДСМ во Охрид и нивниот Шеф на изборен штаб. Затоа им порачуваме, веќе на 6- ти Јуни и СДСМ и нивниот шеф на Изборниот штаб во Охрид, поразени и делегитимирани веднаш да ги напуштат позициите и да се распишат и предвремени  локални избори во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top