Post Views: 1
Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители.
Стигна забраната охриѓани и гостите да не смеат да палат скари, стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа забрана...
Post Views: 6
Непознато името на заменикот на досегашниот советник за образование Митре Велјаноски кој стана пратеник во законодавниот дом. Од кабинетот на градоначалникот не откриваат кој ќе биде новиот советник. Јавноста „плете“ разни можности, од тоа дека советникот мора да биде државен службеник до тоа дека за оваа позиција не важи законот за државни службеници.
Градоначалникот сеуште не го назначил идниот советник за образование. Она што дознаваме е негово право во изборот на личноста за оваа позиција.
Чаршијата пак, веќе шпекулира со имиња на неколку директори од основните...
Post Views: 0
Од 20 јули до 20 август стапува на сила ограничувањето на пловидбата на пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро. Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ кои се со јачина поголема од 45 kW кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи за периодот од 11.00 до 18.00 часот секој ден и важи за целата водена површина на Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро. Оваа одлука е донесена за заштита на граѓаните и сите домашни и странски посетители на езерата, односно поголема безбедност на капачите и заштита на животната...
Post Views: 38
На шест локации во градот се поставени 24 јавни мобилни тоалети. Граѓаните и туристите ќе може да ги користат на локациите кај Горна Порта, во центарот на градот , во близина на мостот, кај спортско рекреативниот центар Билјанини извори. После долго време секторот за урбанизам најде соодветни места на кои постави јавни тоалети и со тоа реши еден сериозен комунален проблем. Долго време Охрид беше град без јавни тоалети, а тоа секако не доликува на еден туристички центар. Тоалетите иако се од привремен карактер сепак ќе го решат донекаде овој комунален недостаток....
Post Views: 14
Започна петтиот летен едукативен камп за децата со дијабетес од целиот свет. Тие на овој камп ќе учат како да бидат посамостојни во животот, како да спортуваат безбедно и како полесно да се справуваат со оваа болест, без тоа да им го намалува квалитетот на нивното живеење. Овој летен камп веќе традиционално е организиран и е под покровителство на Лајонс Интернешенел или поточно Дистрикт 132 од Македонија, чие мото е „Ние служиме“.
„Ние служиме на тие што им е потребно. Вечерва сме собрани за 30-40 деца кои се дојдени од повеќе земји. Ние ќе служиме наредните 10 дена,...
Post Views: 15
Локалната самоуправа, второто запрашување против комарци ќе го организира и изведе во четврток на 21- ви или во петок на 22- ри јули, во зависност од временските прилики.Запрашувањето ќе започне во 5 часот наутро.Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите, во четврток или петок наутро, да не ги пуштаат пчелите од кошниците.Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
{loadposition content9}
Post Views: 1
И понатаму инвеститорите не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење во екот на туристичката сезона во централното градско подрачје. Интензивно се гради и покрај тоа што градежната инспекција пишува прекршочни пријави.
Тешка механизација, зголемена бучавост, прашина и испукана водоводна цевка. Вака изгледа градилиштето кое никна од неодамна во непосредна близина на градското Пазариште. Се повеќе инвеститори не ја почитуваат одлуката на советотот за неградење во туристичката сезона во централното градско подрачје. Не ги плашат ниту прекршочните пријави од...
Post Views: 1
Се изготвува проект за заокружување на колекторскиот ситем од македонска страна. Претставници од ЈП од општините Охрид, Струга и Дебарца дискутираа за работната документација со која би се дозавршил колекторскиот систем од Градиште до Св Наум.
„ Следен чекор е добро да се издефинира тендерската докуменатација, а кога ќе се дефинира тоа треба да се направи набавка и избере економски оператор кој ќе ја изготви физибилити студијата за одведување на отпадни води од потегот Градиште до комплексот Св. Наум и со тоа се заокружува колекторскиот систем на тој дел од езерото...
Post Views: 8
Дополнување на уште една коцка на мозаикот на градското зеленило во градов. Покрај селектирањето на хартијата и пластиката, ЈП „Охридски Комуналец“ почна со селектирање и на зелен отпад. Тоа го прави шредер, машина набавена од Германија, за што ЈП одвои нешто повеќе од 2 000 евра, средства од сопствен буџет. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека капацитетот на машината е од 6 до 8 метри кубни преработка на зелен отпад на час. Како продукт се добива муљч, кој пак ќе се употреби за подобар изглед на градските паркови, додава тој.
Ваквиот чекор е во интерес...
Post Views: 1
Во охридскиот центар за вработување заклучно со месец јуни се евидентирани 9.800 невработени лица. Ваков пад под 10.000 невработени е забележан после долго време, вели првиот човек на Центарот Јован Баткоски. Интенција на Агенцијата за вработување е во иднина да се има приближно реалната бројка на лица кои вистински бараат работа, а не и на оние кои формално се дел од списокот за вработување. Но, иако се прават обиди да се има вистинската слика за неварботените тоа во моментов е невозможно нагласува Баткоски. „ Податоците кој вистински бара работа е тешко да се...
Post Views: 9
Во Општинското средно училиште „Ванчо Питошески“ 50-те кандидати кои полагале државна матура го положиле задолжителниот предмет Македонски јазик и литература. 27 ученици положиле Англиски јазик од 40 пријавени, а 13 ученици паднале. Еден ученик бил пријавен и го полжил испитот по Германски јазик, а двајца пријавени по Француски јазик не успеале да положат. По предметот математика биле пријавени седум ученици и сите не успеале да добијат преодна оценка, информира Секула Баткоски дирктор на ОСУ „Ванчо Питошески“.
За завршниот испит за 4 степен образование, пак биле...
Post Views: 5
Охридскиот базен наскоро ќе биде ставен во функција.
Во завршна фаза е монтирањето на опремата за овој објект, а неодмна заврши и фарбањето на самиот базен, велат од ЈП „Биљанини извори“. Директорката на ЈП Гордана Јовановска кажа дека опремата од Словенија веќе е на царина и од утре почнува монтирањето на истата. Јовановска додава дека причина за тоа што малку се издолжи периодот на реконструкција на базенот, се временските неприлики, односно големиот број на дождливи денови, кои било пречка за успешно спроведување на самото фарбање на базенот, кое бара одредени оптимални...