konzervatori

Конзерватори на мозаици има, но не доволно колку што има културно наследство

Post Views: 5 Со мозаиците во земјите од Југоисточна Европа различно се постапува. Се зависи од тоа колку пари се одвојуваат за нивна рестарвација и конзервација се согласија учесниците – конзерватори на меѓународната стручна средба што се одржува во Охрид. На некои архолошки локалитети мозаиците се  достапни и во добра зачувана состојба, но некаде се запоставени и покриени со песок и далеку од очите на јавноста. Се зависи од тоа колку пари државите имаат за да ги зачуваат од забот на времето и да ги приближат до посетителите. „Македонија е една од поретките земји која полага...

Continue reading

minister i petreski

Неизвесна е втората фаза на децентрализација за Охрид

Post Views: 5 Децентрализацијата е столб за напредок на државата. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и Министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, денес остварија работна средба. Тие дебатираа за процесот на децентрализација воопшто, со посебен акцент на општина Охрид. Петрески рече дека целосно го запознал министерот со состојбите околу обидот на општина Охрид да влезе во втора фаза на децентрализација. Потенцира дека со ресорниот министер споделуваат исто мислење оти децентрализацијата е најважниот процес што треба да се случи во Македонија, како еден од главните услови...

Continue reading

Kabare Misteriozo

Сабота-Ден за театар во Охрид

Post Views: 13 „Кабаре мистериозо“, комедијата на Дарио Фо е претставата со која Охридскиот народен театар ја започнува својата редовна програма. Претставата има интерактивен карактер во кој самата публика станува дел од актерската екипа. „Кабаре мистериозо“ изобилува со игра и песна, а дијалектички е прилагодена на охридското поднебје, нешто што и самиот автор на претставата го поставува како совет до сите изведувачи. Премиерната изведба на оваа претстава на Охридско лето на сцената кај Света Софија, предизвика и серија реакции кај публиката, во кои претставата дури беше окарактеризирана...

Continue reading

ezero

Никако да научиме

Post Views: 1 Проблем пред кој не смееме да замижиме. Вознемирувачки фотографии од  дното на езерото кои зборуваат за нови, големи количества цврст отпад на неколку локации на дното на езерото. Милутин Секулоски од Н.Ц „Амфора“ открива дека последните нивни нуркања зборуваат за нови мини депонии на езерското дно и тоа на локации чије загадување би можело да ја загрози егистенцијата на ендемските видови. „Би спомнал дека на местото каде се мрести Охридската пастрмка, најчистиод дел, веќе кон крајот на август се фрлени десет вреќи со градежен материјал и секојдневно гледаме дека на...

Continue reading

lokacija

Пензионерски дом заглави во бирократски процедури

Post Views: 0 Во бирократските лавиринти се заглави одлуката за изградба на пензионерски дом. Измина повеќе од една година од кога е донесена одлуката на охридскиот Совет за да се изгради ваков дом во Охрид, во близина на хотелот Магнус. Подготвена е планска урбанситичка документација, а се знае и површината  на која се предвидува да се подигне ваквиот објект која е  8000 м квадратни. Градоначалникот Александар Петрески вели сега на потег е Министерството за транспорт и врски. „Ние испративме до министерството извод од планската документација и чекаме одговор од  одлуката. Секојдневно...

Continue reading

policija

По еден полицаец за секое училиште

Post Views: 6 Подобро да се спречи-отколку да се лечи! Заклучокот на денешната средба на советодавната група на граѓани е дека превенцијата на насилството во училиштата треба да биде прво и основно средство во справувањето со овој проблем. Асоцијалното однесување на младите е се поизразено, но се преземаат мерки за негово сузбивање. Сепак преовладува заклучокот дека овој проблем треба да се решава со заеднички напори и на полицијата, но и на училиштата, педагошко-психолошките служби, центрите за социјална работа. Од СВР-Охрид најавија и нова мерка во насока на решавање на овој проблем. „Од...

Continue reading

hrana

Македонците генерално јадат здрава храна

Post Views: 5 Производителот одговара за квалитетот на производот. Овој светски тренд се применува и кај нас.   Целокупната храна која се увезува и произведува во Р Македнија се контролира од страна на агенцијата за храна и ветеринарство. „Секој увоз и секое производство подлежи на соодветна контрола“, вели директорот за храна и агенција за ветеринарство, Дејан Рунтевски. „ Се што се пласира во Р Македонија е проверено од страна на инспекторите. Но нормално неможе се да спречите се во 100 %. Можно е да дојде до појава некој неовластено во промет да пушти храна, но затоа сме тука се...

Continue reading

ehedg

Охрид домаќин на најголемиот самит на прехранбената индустрија во светот

Post Views: 1 Првиот Светски конгрес за хигиенско инжинерство, и дизајн во Охрид. На овој научен самит, ќе бидат третирани теми кои се однесуваат на хигиенскиот дизајн и инжинерство како и проблематики кои се однесуваат на квалитетот, безбедноста, производството, и преработката на храна. Проф. Д-р Владимир Какуринов-претседател на Македонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инжинерство и дизајн, истакна дека нашата земја е далеку понапред од земјите на поранешна Југославија, како и од нашиот јужен сосед, Бугарија и Албанија, а и од земји членки на ЕУ како...

Continue reading

ucenicka tashna

Дали образованиот процес, ги грбави нашите ученици?

Post Views: 2 Целата училишна опрема која еден ученик во четврто одделение ја носи на својот грб, тежи повеќе од пет  килограми. Кај основците само учебниците и тетратките тежат по околу 2кг, а дополнителни два-три килограми – работните тетратки, училишниот прибор и ранецот. Што значи дека десетгодишен ученик на својот грб носи повеќе од една петтина од својата телесна тежина. Кога на овој податок уште ќе ги додадеме и неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и...

Continue reading

bolnica

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

Post Views: 3 До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот...

Continue reading

biseri

Лажни бисери

Post Views: 23 Изработката на Охридскиот бисер од далечната 1924 година па до денес останува најчувана охридска тајна. Не само вештината во изработување туку и убавината на вистинскиот охридски бисер досега успеал да воодушеви илјадници луѓе од целиот свет. Несомнено квалитетот умее да привлече најмногу внимание, но не само најмногу туку и најдалеку. Дури и далечната Австралија дозна за Охридскиот бисер и стави прекрасен крај на романтичната приказна за двајца вљубени. Среќниот свекор тргна на далечен пат. „Просто не можев да поверувам дека човек кој ќе го жени својот син, кој живее...

Continue reading

znaminja

Турската етничка заедница незадоволна од спроведувањето на Охридскиот рамковен договор

Post Views: 19 НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како   „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби. На панелот учествуваа бројни политичари, министри и  еминентни стручни лица кои партиципирале во досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор ама не беа присутни преставници од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и од актуелната власт, вели Максут Али претседател на НВО „Карабеј махале“. „Во претходниот 10 годишен период иако има почетоци на спроведување на Охридскиот рамковен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top